Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти …
Continue Reading
Модриќ ги избра петте најдобри фудбалери на сите времиња
Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, за шпански „АС“, ги избра петте најдобри фудбалери во историјата. Модриќ (40), играч од средниот ред на Милан, беше замолен да издвои пет играчи од која било ера. „Марадона, Франческо Тоти, Бразилецот Роналдо, Звонимир Бобан, кој е мој идол, и Зизу (Зинедин Зидан)“, рече Модриќ. Модриќ е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, …
Continue Reading
Нетанјаху: „Нема повеќе воздржаност, Израел мора да има силна армија“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека на Израел му е потребна голема армија, со резервни формации во нејзиното јадро. „Резервните сили се фундаментална компонента, клучен елемент. Ни треба голема, силна, а воедно и паметна армија“, рече Нетанјаху на конференција со високи резервни офицери, на која присуствуваа и министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени …
Continue Reading
Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време
Државната дума на Русија е пред усвојување на историски закон со кој официјално би се признало мајчинството како форма на работа, објавува „BRICS News“. Нацрт-законот, кој моментално е во последна фаза на разгледување, предвидува времето поминато во грижа за деца и на породилно отсуство да се смета во возраста за пензионирање, што им овозможува на мајките да добијат пензиски кредит …
Continue Reading
Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години. Тој рече дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ. …
Continue Reading
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола. Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите …
Continue Reading
ФИФПРО ги објави идеалните тимови за 2025 година
Здружението на професионални фудбалери, ФИФПРО, во понеделникот ги објави идеалните тимови во машката и женската конкуренција за 2025 година. Повеќе од 26.000 фудбалери од 68 земји гласаа за најдобрите 11 во машката и женската конкуренција. Во „идеалните 11“ се вклучени најмногу играчи од европскиот шампион Пари Сен Жермен: Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња и Усман Дембеле, како и поранешниот играч …
Continue Reading
Фон дер Лајен: Украина нема да биде сама оваа зима, ЕУ стои покрај вас
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека ЕУ стои покрај Украина и е подготвена да ја обезбеди потребната помош за земјата да не се соочи сама со претстојната зима. „Украина нема да биде сама оваа зима. ЕУ стои покрај вас и обезбедува итна енергетска помош за поддршка на Украина во наредните месеци“, напиша Фон дер Лајен …
Continue Reading
Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разбирате колку ни е тешко
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека речиси една третина од борбите на фронтот, во војната со Русија, моментално се водат во регионот Покровск, на југоистокот од Украина. „Триесет проценти од сите борбени операции на фронтот се одвиваат во Покровск. Покрај тоа, 50 проценти од сите употреби на водени бомби одат во Покровск. Разбирате колку ни е тешко“, рече Зеленски …
Continue Reading