Атлетико остана без Ле Норман

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб. Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган. Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека …

Continue Reading

Црвена звезда ја продолжи победничката низа, го декласира Панатинаикос во Белград

Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28) . Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата. 32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со …

Continue Reading

Кларк: „Војната секогаш некому му користи“

Познатиот британски воен аналитичар Мајкл Кларк одговараше на прашања од гледачи и читатели за „Скај њуз“ за ситуацијата на фронтот во Украина, улогата на Западот и плановите на американскиот претседател Доналд Трамп. По неколку месеци шпекулации и дипломатски притисок од Киев, стана јасно дека Украина нема да ги добие американските крстосувачки ракети „Томахавк“ толку брзо. Самиот Трамп им потврди на …

Continue Reading

Медведев: Самиот Трамп не знае што мислел под „нуклеарно тестирање“

Последиците од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарните тестирања се неизбежни: Русија ќе биде принудена да ја процени целесообразноста на спроведувањето на своите нуклеарни тестирања во целосен обем, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „Никој не знае што мислел Трамп под „нуклеарно тестирање“ (веројатно дури ни самиот). Но, тој е претседател на Соединетите Американски …

Continue Reading

Грција воведува микрочипови за следење на домашните животни по скандалот за злоупотреба на субвенциите од ЕУ

Грчката влада планира да воведе микрочипови за следење на домашните животни и нивно регистрирање во дигитална база на податоци, со цел да се врати довербата во управувањето со земјоделските субвенции по неодамнешниот скандал со измама и злоупотреба на субвенциите од ЕУ. Според акциониот план што денес беше доставен до Европската комисија, новиот систем треба да овозможи точно евидентирање и следење …

Continue Reading

(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал

Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2). Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар …

Continue Reading

Кој е Зохран Мамдани: од рапер до градоначалник на Њујорк

Зохран Мамдани, 34-годишен демократски социјалист, кој наскоро ќе ја преземе функцијата градоначалник на Њујорк, е исто така првиот муслимански и јужноазиски лидер во градот. Тој е роден во Кампала (Уганда) и кратко живеел во Јужна Африка пред неговото семејство да се пресели во Њујорк, пишува „Скај њуз“. Неговата мајка е филмската режисерка Мира Наир, а неговиот татко Махмуд Мамдани е …

Continue Reading

Вучевиќ: Вонредни парламентарни избори сигурно ќе се одржат во 2026 година

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, вечерва изјави дека вонредни парламентарни избори сигурно ќе се одржат во 2026 година. „Ќе има избори, за околу три недели веќе имаме избори во три општини. Напролет имаме избори во десетина општини. Го разбрав претседателот на државата дека во 2026 година е речиси сигурно дека ќе има вонредни парламентарни избори, секако вонредни парламентарни …

Continue Reading

Русија пред можен тест на нуклеарно оружје: Путин бара изработка на предлози

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите високи функционери да изготват предлози за можен тест на нуклеарно оружје, нешто што Москва не го направила од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Рускиот министер за одбрана Андреј Белошов му рече на Путин дека неодамнешните изјави и активности на САД значат дека „е препорачливо веднаш да се подготват за целосни …

Continue Reading