Украина првпат нападна со ракети „Фламинго“: експлозии во рускиот Орел

Во рускиот град Орел утринава одекнаа повеќе експлозии поради украински напад со далекуметни крстосувачки ракети „Фламинго“, што е нивна прва потврдена борбена употреба. Украинскиот Генералштаб соопшти дека биле изведени координирани удари врз неколку десетици руски воени и логистички цели на руска територија и на окупираните украински подрачја. На објавените видеа се гледаат запалени фрагменти од ракети како паѓаат меѓу станбени …

Continue Reading

Улицата „Иван Марков Братот“ во Богородица добива нов лик

Улицата „Иван Марков Братот“ во Богородица добива нов лик, со целосно реконструирана патна инфраструктура која значително ќе го олесни секојдневното движење на жителите и посетителите. Улицата, долга 800 метри и една од најфреквентните во населбата, сега располага со нов долен строј, подобрена БНС асфалтна подлога, асфалтиран коловоз со завршен АБ слој и нивелирани шахти во завршната фаза. Заедно со проектантот …

Continue Reading

Кремљ: Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција

Москва, чиишто сили се обидуваат да го преземат Покровск во источна Украина, ја обвини украинската страна дека одбива да учествува во мировни преговори, додека Киев смета дека условите на Русија се неприфатливи и претставуваат барање за капитулација. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение и дека го сака мирот, но ако тоа …

Continue Reading

Орбан по корупцискиот скандал: Парите за Украина ги краде воена мафија блиска до Зеленски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во Украина е разоткриена воена мафија која на илјада начини е поврзана со претседателот Зеленски. Тој потсети дека министерката за енергетика поднесе оставка, а главниот осомничен побегнал од земјата. „Ова е хаосот во кој бриселската елита сака да фрли пари од европските даночни обврзници. Парите што нема да завршат на фронтот ќе ги украде …

Continue Reading

Филипче ќе го номинира Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ, вечерва ќе соопшти и други кадровски промени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план. Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ. „Трајановски е човек кој …

Continue Reading

„Од класицизам до македонизам“ – музичка вечер во Гевгелија со квартетот „Стрингендо“

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 ноември во Народниот театар- Гевгелија се одржа концертот „Од класицизам до македонизам“ на квартетот „Стрингендо“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Публиката уживаше во програма која започна со бисери на класичната музика како „London Trio No.1“ од Joseph Haydn, „Eine Kleine Nachtmusik“ (I. став) …

Continue Reading

Министерството за економија: Законските измени ќе придонесат до поквалитетни инвестиции и повисоки плати

Со усвојувањето на измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во август и со дополнителните измени што треба да се финализираат до крајот на годината, се создава стабилна и транспарентна рамка за стимулирање на поквалитетни инвестиции, соопшти Министерството за економија и труд. Според Министерството, новите законски решенија ќе резултираат со забрзан економски раст, отворање на нови работни места и …

Continue Reading

Мицкоски: Ако може и да не сме Македонци ќе бидеме најдобри, некој ни прави булинг за да не сопре да напредуваме кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе ги заврши сите обврски поврзани со евроинтеграциите, но дека нема да дозволи булинг врз Македонија во процесот. „Ние ќе направиме сè што е во нашата моќ да ја завршиме домашната работа, ајде да видиме тогаш што ќе се случи. Пред 8 години, кога менувавме имиња и презимиња, ни велеа дека сме фронт ранери …

Continue Reading

15 ноември: „Под исто платно: инклузија низ култура“ – изложба „Цветна градина“ на Роза Мојсовска во Гевгелија

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 15 ноември 2025 година (сабота), со почеток во 15:00 часот, во Уметничката галерија „Амам“ ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Роза Мојсовска, насловена „Цветна градина“, во склоп на Проектот „Под исто платно: инклузија низ култура“. Настанот се реализира во организација на „Абилитис“ и „Зета“, со поддршка од …

Continue Reading