„Лајка“: Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип
Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно утврдени сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите миленици, што создава дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето. Од претпријатието наведуваат дека девет кучиња заловени во последниот период имале сопственици кои свесно ги напуштиле. Секое од …
Continue Reading
Општина Бутел продолжува со асфалтирање на улиците во Визбегово
Општина Бутел информира дека продолжува со активностите за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово. „Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски“, велат од општината. Во тек е реконструкција и асфалтирање на вкупно 70 улици, со инвестиција од 150 милиони …
Continue Reading
Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции …
Continue Reading
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево. Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие. Ова …
Continue Reading
Советникот на Трамп ќе се сретне со Путин следната недела
Советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, кој зборуваше за државната телевизија во Русија, изјави дека е постигнат прелиминарен договор специјалниот претставник на САД Стив Виткоф да ја посети Москва следната недела. Ушаков додаде дека некои претставници на американската администрација ќе му се придружат. Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави на социјалните мрежи дека „останале само неколку преостанати …
Continue Reading
Русија реагира на протечениот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин
Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал Русија како најдобро да му се обрати во врска со мировниот план за Украина. Рускиот дипломат Јури Ушаков изјави дека протекувањето на неговиот телефонски разговор со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, до американските медиуми е обид да …
Continue Reading
Камерниот оркестар Профундис со ексклузивен концерт под свеќи во рамки на Охридско лето
Камерниот оркестар „Профундис“ ќе настапи како дел од оф-програмата на најпрестижниот македонски уметнички фестивал – „Охридско лето“, која годинава, за првпат, ќе биде претставена пред скопската публика. Концертот ќе се одржи на 29 ноември во големата сала на Македонската филхармонија, во препознатливата candlelight-атмосфера под светлината на илјадници свеќи – амбиент што ширум светот прерасна во современ симбол за интимно, емотивно …
Continue Reading
Фред Васер: Хамилтон претерува со изјавите
Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион, беше депресивен по трката во Лас Вегас. Трката, Хамилтон ја заврши на осмото место. Британецот зад воланот на Ферари истакна дека целата оваа сезона била катастрофална за него и дека не очекува да биде подобро следната година. Фред Васер, шефот на Скудерија, му рече дека Хамилтон претерувл со изјавата. „Ја разбирам реакцијата на Луис веднаш …
Continue Reading
СЕ ПОСТАВУВА НОВА ОПРЕМА ВО ПУМПНАТА СТАНИЦА „МЕТРОПОЛ“
Во тек се работни активности за поставување на нова опрема во пумпната станица „Метропол“. Во рамки на проектот се врши целосна замена на двете вертикални турбински пумпи кои датираат од 1988 година. Се поставуваат нови поекономични и автоматизирани пумпни агрегати, со цел обезбедување непрекинато водоснабдување на градот Охрид и околните населени места. Исто така, проектот предвидува и целосна промена на …
Continue Reading