Шестгодишно девојче почина по несреќа во забавен парк во Флорида
Шестгодишно девојче почина по несреќа со картинг во забавен парк во Флорида, потврди полицијата. Трагедијата се случила воикендот во Паркот за трамболини и авантури „Урбан Ер“ во Порт Сент Луси, објави ABC News. Службите за итни случаи биле повикани во паркот кратко пред 21 часот поради несреќа со картинг во која учествувало дете. Девојчето било префрлено со хеликоптер во болница …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командантот на Националната гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната Гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги Генералот Најт го добива високото македонско одликување за неговиот особен придонес во воената соработка и продлабочувањето на македонско-американското пријателство. Доделувајќи го орденот, претседателка Сиљановска-Давкова посочи дека лидерството и посветеноста на американскиот генерал-мајор Најт, помогнаа да се создадат …
Continue Reading
Попладнево блокиран сообраќајот на граничниот премин Богородица
Од 17:00 ч. сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е повторно блокиран за влез и излез. – Сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија) е нормализиран. – На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед …
Continue Reading
Јамалов: Буџетот за 2026 година е буџет на развој, солидарност и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој
На денешната седница во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста …
Continue Reading
Делови од Сарај утре без вода за пиење
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре ( среда ) поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и с. Сарај. (Општина Сарај)
Continue Reading
Мерц: Не гледам никаква потреба Американците сега да ја спасуваат демократијата во Европа
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека новата национална безбедносна стратегија на САД ја нагласува потребата Европа да стане „многу понезависна“ од САД во однос на безбедносната политика. Тој изјави дека некои делови од документот се „неприфатливи од европска гледна точка“. „Не гледам никаква потреба Американците сега да ја спасат демократијата во Европа. Ако треба да се спаси, ние самите …
Continue Reading
Велика Британија до Трамп: „Обединети сме во нашата поддршка за Украина“
Британската влада денес ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека европските лидери трошат премногу време дискутирајќи за војната во Украина без конкретни резултати. Трамп во интервју за „Политико“ изјави дека европските лидери „зборуваат премногу“ за конфликтот, но не успеваат да придонесат за негово завршување. „Тие не произведуваат“, рече Трамп. „Ние зборуваме за Украина. Тие зборуваат, но не произведуваат. …
Continue Reading
(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева
На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана во изборниот период, соопшти владината портпаролка Марија Митева. „Причините за оваа иницијатива се јавно познати повеќепати до сега ги имаме образложено како Влада, доследно, транспарентно и во интерес на заштита …
Continue Reading
Зеленски му одговори на Трамп: „Секогаш сум подготвен за избори“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е „секогаш подготвен за избори“, одговарајќи на претходната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Киев ја користи војната за да избегне избори“. „Секогаш сум подготвен за избори“, изјави Зеленски за италијанската „Република“, во кратка изјава додека го напушташе хотелот на пат кон Палатата Киџа, каде што треба да се сретне со италијанската …
Continue Reading