(Видео) Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи
Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари. Спасовски спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед во Сарај, иако надлежната организациска единица доставила предлог за истото. Со ова, над 5,5 милиони денари биле слеани …
Continue Reading
(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја предаде Македонија за мигрантски пари
ВМРО-ДПМНЕ ја издаде и ја предаде Македонија за мигрантски пари, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека тоа е причината зошто Влдата ВМРО-ДПМНЕ, не дава конкретен одговор за договорот со Велика Британија, потсетувајќи дека СДСМ со денови бара конкретни одговори од премиерот Мицкоски. „Повеќе денови наназад предупредуваме дека премиерот Мицкоски договорил …
Continue Reading
Стеваноски: Советот му помогна на Проданоски да фалсификува извештај за буџетот
На последните седници на Советот на Општина Прилеп, на кои од страна на градоначалникот Дејан Проданоски, беа предложени две клучни точки – Ребаланс на буџетот и Измени и дополнувања на развојните програми за периодот 2025-2027, мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ според советникот од Левица, Жарко Стеваноски, го изгласало ребалансот спротивно на законот за финансирање на единиците за локална самоуправа. „Од Развојните …
Continue Reading
Кари во 2025 година заработил речиси сто милиони повеќе од Јокиќ
Лидерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, заработи најмногу пари во НБА во 2025 година. На листата на најдобро платени кошаркари, Кари е убедлив лидер со 159,6 милиони заработки во годината за која известуваме. Втор е Леброн Џејмс со 137,6 милиони. Во Топ 3 е уште еден ветеран, Кевин Дурант, чија заработка во 2025 година, според магазинот „Форбс“, е 104,3 …
Continue Reading
Минчев: Подобрениот ПВР процес е основа за поквалитетни закони
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес се обрати на дводневната работилница „Зајакнување на капацитетите за подобро управување на Проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во Република Северна Македонија“, организирана од страна на Министерството за јавна администрација со поддршка на СИГМА На работилницата учествуваат државни службеници од сите ресорни министерства и релевантни институции, вклучително и координатори и заменици за ПВР, …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Нападот врз Инфомакас е почетокот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја скрие вистината за мигрантите
-Синоќа се случи инцидент. Повиците за насилство, претставници и симпатизери на власта резултираа со најголемиот медиумски инцидент после упадот во А1 телевизија во 2010 година, со физички напад во живо врз новинарите на Инфомакс, додека траеше програмата. Според информациите што ги добивме, напаѓачот е член на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на власта и на моќта синоќа ја видовме на дело, …
Continue Reading
Концертот на „Пијано трио“ вистинска „Музичка ризница“ со широка палета на епохи и стилови
Камерниот ансамбл „Пијано трио“ го одржа својот Концерт „Музичка ризница“, на 9 декември 2025 година, во хотелот „Аполонија“- Гевгелија. Програмата за музичката вечер беше внимателно составена за да понуди широка палета од музички епохи и стилови. Татјана Петрушевска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано слуховно „ги рашетаа“ гевгеличани низ современите композиции „Flashes“ од Горан Начевски, …
Continue Reading
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Богородица, на Меџитлија прекинот е само за моторни возила
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин и според најава се очекува да остане затворен за секаков вид на сообраќај до 19:00 часот. Сообраќајот на ГП Меџитлија (НИКИ) е во прекин само за товарни возила. Додека сообраќајот на ГП Дојран се одвива нормално. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската …
Continue Reading
Политиколог предупредува: „четирите јавачи на Апокалипсата“ јаваат низ Европа
Историчарот и политиколог Сергеј Станкевич оцени дека европската политика се движи во насока на „историски пресврт“, тврдејќи дека денешните лидери на Европската Унија со своите одлуки потсетуваат на „четирите јавачи на Апокалипсата“. Во изјава за „Комсомољска правда“, Станкевич нагласи дека злокобната кампања во Европа ја води „женско дуо“ – Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, и Каја Калас, …
Continue Reading