Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции во водоводната мреже и тоа:
· поради реконструкција на водоводна мрежа Ф250мм и промена на шибер Ф250мм на улица Среќко Пужалка бр.67Б, општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Среќко Пужалка, Жегљане, Фуштанска, Товарник, Јужноморавски бригадии село Стајковци, општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на активностите.
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Кеј 13-ти Ноември бб, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
· поради уличен дефект ф-150 мм на улицата Периша Савелиќ 4, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.