Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат
Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување за обилни дождови за некои области во префектурата Фукуи, во централниот дел од земјата, а околу 111.000 луѓе во пет општини се повикани да се евакуираат поради поплавите. Околу 244.000 луѓе се предупредени да преземат итни безбедносни мерки поради лизгање на земјиштето и возила заглавени на поплавените патишта. За градовите Фукуи, Оно и …
Continue Reading
Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
По повеќечасовна борба со пламените јазици дебарските пожарникари пред полноќ успеаја да го изгаснат пожарот кој избувна над градот, во атарот на селото Татар Елевци. -Со натчовечки напори успеавме да го изгаснеме големиот пожар што зафати површина под селото Татар Елевци, над самиот град. Убедени сме дека истиот беше подметнат, вели Џетан Мифтароски, командир на Територијална противпожарна единица. Станува збор …
Continue Reading
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната …
Continue Reading
Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
Пожарот што вчера избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола, информира ЦУК. -Во гаснењето беа ангажирани екипи на Националниот парк „Пелистер“, ТППЕ Ресен и ТППЕ Битола, ер-трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување, како и механизација од јавните претпријатија од Битола, наведува ЦУК. Дежурни …
Continue Reading
Силно невреме во Кочани, делови од градот без струја
Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот предизвикани се проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето. Делови од градот се без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип е во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот. Блокирани се неколку патни правци …
Continue Reading
(Видео) Еден загинат и двајца повредени во невремето на Кипар
Безживотното тело на маж било извлечено за време на спасувачката акција во југоисточниот дел на Кипар, откако поради силното невреме три чамци се насукале на карпи, а спасени се пет лица, од кои двајца се повредени, јави дописничката на МИА од Атина. Спасувачката акција била во Каво Греко, познатиот ’рт на југоисточниот брег на Кипар, во близина на приморскиот град …
Continue Reading
(Видео) Потрошија 355 милиони евра ова лето, загубија и во второто коло
Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во Лондон со 2:0 (0:0) во натпреварот од 2. коло од англиската Премиер лига. Тотенхем ја отвори сезоната со два пораза и гол разлика од 0:5, откако инвестираше 355 милиони евра во засилувања. Најскапоплатениот играч, Сандро Тонали од Њукасл, целосно потфрли против својот поранешен клуб. Њукасл целосно ги неутрализира сите новодојденци на Роберт де …
Continue Reading
Големо невреме вечерва северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот
Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град има северозападно од Куманово, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, постои можност невремето да зафати и делови од Куманово. Од Управата за хидрометеоролошки работи денеска информираа дека попладнево наместа времето било нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, проследено со слаб до …
Continue Reading
Зеленски за нападот во Киевската област: Ситуацијата е ужасна
Ситуацијата во селото Мила во Киевската област е ужасна и станува збор за страшна небрежност на тие кои складирале експлозиви во непосредна близина на луѓето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако најмалку 37 луѓе загинаа, а 42 се повредени во серија експлозии предизвикани од руски напад во округот Буча. „Од синоќа до денес добивам извештаи за ситуацијата во селото …
Continue Reading