Фенербахче понудиле 40 милиони за Давиде Фратеси
Италијанските медиуми, објавуваат дека турски Фенербахче има подготвена понуда од 40 милиони евра за 26-годишниот Давиде Фратеси, играч од средниот ред на Интер. Оваа зима, Фенербахче сака да го доведе играчот кој има 33 настапи за италијанската репрезентација со осум гола во кариерата, а кој игра многу малку оваа сезона во Интер. Порано, Јувентус покажа интерес за него, по што …
Continue Reading
Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
На пјацетата пред Италијанската амбасада граѓаните уживаа во музика, греано вино и печени костени. Настанот „Џез под ламба“, во организација на Општина Центар, создаде пријатна празнична атмосфера, исполнета со џез верзии на познатите божиќни песни и стари шлагери во изведба на бендот на Мартина Елиора. „Ме радува што настанов и годинава привлече голем број посетители. Овие радосни и среќни луѓе …
Continue Reading
Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода
Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода. Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров. Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци …
Continue Reading
Почина Брижит Бардо
Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол, а подоцна ѝ го сврте грбот на филмската индустрија и се посвети на борбата за правата на животните, починала во 91. година од животот. Меѓународната слава ја стекна со филмот And God Created Woman од 1956 година, кој го напиша …
Continue Reading
(Видео) Тепачка меѓу „Давид и Голијат“, малиот Алварадо го нападна големиот Вилијамс
Кошаркарите на Феникс ја продолжија добрата серија во Њу Орлеанс, каде што ги победија Пеликанс со 123:114. Резултатот остана во сенка на инцидентот на паркетот, физичката пресметка меѓу Марк Вилијамс и Хозе Алварадо. Клучниот момент од натпреварот се случи две минути пред крајот на третата четвртина. По еден блок, бекот на Пеликанс, Хозе Алварадо, кој е висок 183 см, го …
Continue Reading
СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош
Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат дека визата претставува службен документ издаден од држава, кој овозможува влез, престој или транзит, најчесто во форма на печат или налепница во пасош, и дека секој граѓанин може да ги провери условите за визи на веб-страниците на надлежните амбасади. „Со …
Continue Reading
Волк побегнал од зоолошка градина во Токио, брзо бил фатен
Волкот од зоолошката градина Тама во западен Токио, кој утрово избегал од својот ограден простор, е фатен, објави „Јапан тајмс“. Чувар на зоолошка градина го пријавил инцидентот во паркот утрото и немало извештаи за повредени, објави јапонскиот медиумски сервис НХК. Откако потврдиле дека волкот останал во паркот, чуварите го фатиле. Зоолошката градина ги повика посетителите кои веќе биле во паркот …
Continue Reading
Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина. Зеленски најави дека на средбата во резиденцијата на Трамп на Флорида ќе разговара за судбината на спорниот регион Донбас во источна Украина, како и за иднината на нуклеарната електрана Запорожје. Украинскиот претседател и …
Continue Reading
Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен. „За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого“, рече Лавров. Потоа додаде: …
Continue Reading