Почитувани граѓани,
Ве покануваме да присуствувате на јавен состанок за презентација на Планот за обновување на средствата за живот (ПОСЖ), кој е развиен како дел од пакетот за објавување на ОВЖССА за Проектот Ветерен парк Штип.
Состанокот е наменет за сите засегнати страни, вклучувајќи:
Лица кои ќе бидат директно засегнати од проектот
Сопственици и закупци на земјиште
Корисници на земјиште долж проектната област
Концесионери
Релевантни заедници и други заинтересирани страни
Локација: Хотел Оаза – Сала за конференции
Датум и време: 01.04.2026 (среда), 16:00 часот
На состанокот ќе се презентираат:
Проектот и можните влијанија врз средствата за живот на локалното население
Целта и главните елементи на Планот за обновување на средствата за живот
Кој може да има право на поддршка според Планот и општиот пристап за поддршка
Предложените мерки за поддршка
Следни чекори и идно вклучување на засегнатите лица
Начините за поднесување прашања и поплаки преку механизмот за поплаки
Како повратните информации од засегнатите страни ќе бидат земени во предвид
За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница: www.stipwindfarm.mk
Ве очекуваме да се приклучите и да дадете свој придонес за подобро планирање и имплементација на проектот.