Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош) · поради изведување приклучок …

Continue Reading

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне сончево, попладне …

Continue Reading

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот …

Continue Reading

Хамас: Нема да се откажеме од нашето оружје

Вооруженото крило на Хамас уште еднаш денес изјави, пред состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посветен на иднината на Појасот Газа, дека нема да се разоружа. Бригадите Изудин ал-Касам, исто така, потврдија дека нивниот портпарол Абу Обеида е убиен, што Израел го објави во август. „Нашиот народ ќе се брани и нема да се откаже …

Continue Reading

САД го извршија првиот копнен напад врз Венецуела; Трамп: Уништивме голем магацин

Соединетите Американски Држави, според претседателот Доналд Трамп, го извршија својот прв копнен напад врз Венецуела. Трамп рече дека нападот бил извршен на Бадник, а целта бил објект каде што наводно се наоѓале бродови со дрога, пишува Telegraph. Во интервју за Fox News, американскиот претседател ја опиша акцијата подетално. „Тие имаат голема фабрика или голем објект од каде што доаѓаат бродовите. …

Continue Reading

Раздор во италијанската влада околу помошта за Украина, сепак, одобрен нов пакет

Италијанската влада денес одобри декрет за продолжување на воената помош за Украина во 2026 година, постигнувајќи коалициски компромис по неколкунеделна дебата што ги откри поделбите околу надворешната политика во кабинетот на премиерката Џорџа Мелони. Договорот дојде во услови на закани од крајно десничарската Лига, која имаше блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин пред руската инвазија на Украина во 2022 …

Continue Reading

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони: „Може да стане уште полошо“

Германските шпедитери ги повикаа политичарите да преземат мерки за намалување на недостигот на возачи на камиони, објавија германските медиуми. „Моментално имаме недостиг од над 120.000 возачи на камиони, а ситуацијата може да стане уште полоша“, изјави за „Ројтерс“, Дирк Енгелхард, портпарол на Германското здружение на шпедитери (BGL). Тој рече дека 30.000 до 35.000 возачи се пензионираат секоја година, додека само …

Continue Reading

Барселона се распрашува за Влаховиќ

Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус и српската репрезентацја Душан Влаховиќ, објави шпанската „Марка“. Според шпанскиот весник, Барселона наводно веќе го направила првиот чекор и го контактирала Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година. „Ова е првиот контакт, бидејќи каталонскиот клуб сака да ја искористи ситуацијата што се појави на пазарот. Отворената војна …

Continue Reading

Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода

Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи. „Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ): · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, …

Continue Reading