Филипче: Шест години Македонија во НАТО, потврда на државничките политики на СДСМ


659121350_1544205150396043_6972092853795833231_n.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред точно 6 години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата — историски момент, исполнет национален интерес и голем државен успех, објави во статус на Фејсбук лидерот на СДСМ Венко Филипче.


„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност“.

Во време на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа, додава Филипче, колку оваа одлука била значајна.

Денеска, потенцира тој, зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот — НАТО!

„Сите ние сме особено горди на овој национален и државнички успех“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK