Сојузник на Путин: Украина под Зеленски нема право да постои како држава

Виктор Медведчук, олигарх близок до рускиот претседател Владимир Путин и поранешен украински парламентарец, изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека Украина „под терористичкиот режим на Володимир Зеленски нема право да постои како држава“. Неговата изјава следеше по наводниот украински напад врз кафуле и хотел во окупираниот дел од Херсонската област. Прорускиот гувернер на Херсонската област, Владимир Салдо, изјави дека …

Continue Reading

Променливо облачно време со температура до 6 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.   Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди …

Continue Reading

Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму. „Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни …

Continue Reading

Трамп: Земав повисоки дози аспирин, затоа имам модринки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека зема поголеми дози аспирин од оние што му ги препорачале лекарите, наведувајќи дека тоа е причината за видливите модринки на рацете, кои повторно покренаа прашања за неговото здравје во последните месеци. „Велат дека аспиринот е добар за разредување на крвта, а јас не сакам густа крв да ми тече низ …

Continue Reading

Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во …

Continue Reading

Словачкиот министер за одбрана: Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО

Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак изјави за словачката новинска агенција „TASR“ дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и остро ги критикуваше постапките на групата земји што ѝ помагаат на Украина. Според него, Европската Унија не треба да се меша во прашањата за колективна одбрана бидејќи оваа работа треба да остане во надлежност на НАТО. Тој верува …

Continue Reading

(Видео) Уште еден кикс на Ливерпул – Палас и Фулам освоија по еден бод

Фудбалерите на Ливерпул и Лидс одиграа без голови во натпреварот од 19-то коло од Премиер лигата. Tимот од „Енфилд“ ги разочара навивачите по којзнае кој пат оваа сезона, а воедно ја пропушти шансата да се приближи до водечката тројка на табелата, поточно до третопласираната Астон Вила. Зад „црвените“ е период на стабилизација на резултатите по црната серија што ги донесе …

Continue Reading

Во Торонто отворен Музеј на „промашени“ подароци

Во Торонто е отворен Музејот на лоши подароци, каде што се изложени „неуспешни“ подароци, односно оние што лицето кое ги примило не му се допаднале. Музејот ги покани граѓаните да донираат подароци кои едноставно не се за нив, на кои не им е посветено многу внимание при изборот или кои се „навистина ужасен подарок“, објавува „Торонто Сан“. Според музејот, тие …

Continue Reading

Швајцарскиот претседател за пожарот: Драма од невидени размери, животите особено на младите, беа брутално прекинати

Швајцарскиот претседател Гај Пармелен денес изјави дека пожарот што избувна во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ е една од најлошите трагедии што ја погодиле таа земја, а командантот на кантоналната полиција Фредерик Жизле рече дека околу четириесет лица загинале во пожарот, а 115 се повредени. „Тоа е драма од невидени размери. Животите на многумина, особено на …

Continue Reading