Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


dozd-zena-Depositphotos_115751510_XL
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на циклонска активност од денеска до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK