Писмо од Трамп до Орбан: поддршка пред изборите во Унгарија

Американскиот претседател Доналд Трамп му посакал многу среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, во писмо што Орбан го објави на својата „Фејсбук“ страница. Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа на 7 ноември, каде што Трамп му одобрил на Орбан едногодишно изземање од американските санкции за руската енергија, со што бил спречен пораст на …

Continue Reading

Половина Киев без греење по тешкиот напад; Кличко: Ако можете, напуштете го градот

Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000, моментално се без греење откако клучната инфраструктура на главниот град беше тешко оштетена во голем руски напад. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето, пишува Украинска Правда. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок досега за клучните инфраструктурни објекти на главниот град. „Комуналните служби ги поврзаа …

Continue Reading

Јанис нема намера да си оди од Милвоки

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, одлучи да стави крај на сите гласини за неговата иднина и јасно стави до знаење дека нема намера да побара трејд – ниту оваа ниту која било друга сезона. Грчкиот ас истакна дека таков потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти …

Continue Reading

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил …

Continue Reading

Две жени тешко повредени додека се движеле пеш во одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Во два одделни сообраќајни инциденти што се случиле вчера во Скопје и околината, две жени пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на лекување. Првата несреќа била пријавена во раните утрински часови. Околу 06:50 часот, во селото Петровец, во општина Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.К. од Петровец, удрило во …

Continue Reading

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско …

Continue Reading

(Видео) Масовни протести и исклучен интернет во Иран, Хамнеи со остар говор: „Ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат Трамп“

Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, ги осуди демонстрантите во говор што беше емитуван на државната телевизија. Врховниот лидер (86) на Иран изјави дека демонстрантите „ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат претседателот на друга земја“, алудирајќи на американскиот претседател Доналд Трамп. „Сите треба да знаат дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни …

Continue Reading

Едвардс во друштво на Леброн и Дурант

Ентони Едвардс стана третиот најмлад кошаркар кој достигнал 10.000 поени. Тој стигна до оваа бројка на само 24 години и 156 дена, на вечната листа пред него се само Леброн Џејмс и Кевин Дурант. На оваа листа се и Коби Брајант, Лука Дончиќ, Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони, сите ја надминаа бројката од 10.000 поени пред да наполнат 25 години. …

Continue Reading

По руските удари, Зеленски повторно бара повеќе противвоздушна одбрана

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по руските воздушни удари и употребата на ракетата „Орешник“, повторно побара од западните земји да ѝ испорачаат на Украина повеќе средства за противвоздушна одбрана. „Денешниот удар најсилно ги потсетува сите наши партнери дека поддршката за ПВО за Украина е постојан приоритет“, напиша тој на својот канал на Телеграм. Во петокот Министерството за одбрана соопшти дека руските …

Continue Reading