Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време на парламентарната седница емитувана во живо на државната телевизија, претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, предупреди дека американската војска и Израел ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД ја нападне Исламската Република, како што се закани претседателот Доналд Трамп. Галибаф, тврдокорен …

Continue Reading

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет и мобилните мрежи, јавуваат медиумите. На новите протести, кои започнаа доцна синоќа во северниот дел на Техеран, демонстрантите извикувале: „Смрт за ајатолахот Али Хамнеи“ и „Да живее шахот“, а запалиле и една џамија. Според американската организација „Активисти за човекови права“, …

Continue Reading

„Добро сме, ние сме борци“ – порачал Мадуро од затворот во САД

Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелански претседател Николас Мадуро, изјави дека неговиот татко од затворската ќелија во САД порачал дека тој и неговата сопруга Силија Флорес се „добро“ и дека се „борци“. „Добро сме. Ние сме борци. Не бидете тажни“, пренел Николас Мадуро Гера на видео-снимка објавена од владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела, наведувајќи дека тоа му го …

Continue Reading

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на американски претставници. „Официјални лица од администрацијата на Трамп водеа прелиминарни разговори за тоа како би се извршил напад врз Иран доколку биде потребно… вклучувајќи ги и објектите кои би можеле да бидат цели“, пишува медиумот. Една од опциите што се …

Continue Reading

Трамп: САД се подготвени да им помогнат на демонстрантите во Иран

САД „се подготвени да им помогнат“ на иранските демонстранти, изјави американскиот претседател Трамп, додека бројот на загинати во демонстрациите низ Иран се искачи на повеќе од 100, соопштија активисти. Додека протестите низ Иран влегуваат во третата недела, иранските власти воведоа комуникациски прекин, а државните медиуми за немирите ги обвинуваат „терористичките агенти“ од САД и Израел. Бројот на загинати во протестите …

Continue Reading

Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.   Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените …

Continue Reading

Променливо облачно и студено време со повремен снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус …

Continue Reading

ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, …

Continue Reading

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи. Предлог-законот, изготвен од Министерството за здравство, попладнево беше прикачен на ЕНЕР и има за цел системска заштита на јавното здравје и намалување на една од водечките причини за смртност и хронични …

Continue Reading