(Видео) Патнички брод се преврте кај Кипар, 279 лица биле на него

Патнички брод на компанијата „Filo Jet“, кој превезувал повеќе од 250 патници, се превртел кратко по испловувањето од пристаништето Ѓирне на северот на Кипар, јавува локалниот медиум „Özgür Gazete Kıbrıs“. Несреќата се случила на околу два до три километри од брегот. Патниците кои биле на бродот се искачиле на превртениот труп на пловилото, каде што ја чекаат помошта и евакуацијата. …

Continue Reading

Колони на Евзони: За влез во Македонија се чека до час и половина

Продолжениот викенд завршува, а тоа попладнево се одразува и на состојбата на граничните премини со Грција, каде што се создаваат подолги колони возила. Според сведоштва на граѓани на социјалните мрежи, на граничниот премин Евзони, за излез од Грција и влез во Македонија, се чека околу час и половина. Колоната возила се протега од патарината до самиот граничен премин. Покрај македонските …

Continue Reading

Зеленски: 38 загинати во нападот врз магацинот со муниција во Киев

Бројот на загинатите во рускиот напад врз магацин за муниција во Киевската област се искачи на 38, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по уште четири лица кои се водат како исчезнати, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Нападот се случил во петокот доцна навечер, кога руски дрон погодил воен објект во кој биле складирани артилериски гранати, мини, дронови и друга …

Continue Reading

Димитријевиќ со трип-дабл, Македонија ја декласира Австрија

Македонската кошаркарска репрезентација на најдобар можен начин ја започна втората рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Избраниците на селекторот Хозе Марија Берокал одиграа одличен натпревар во Виена и убедливо ја совладаа Австрија со 90:59, за голема победа на стартот од новиот претквалификациски циклус. Ненад Димитријевиќ беше централна фигура во играта на македонската репрезентација. Новиот кошаркар на солунски …

Continue Reading

Барселона напаѓач најде во Арсенал

Барселона го бркаше Хулијан Алварез цело лето, но се чини дека напаѓач најде во Арсенал. На чекор до „Ноу Камп“ е Бразилецот, Габриел Жезус. Трансферот е практично договорен, а Барселона ќе издвои околу 10 милиони евра за Бразилецот. Договорот е големо изненадување со оглед на тоа што Жезус не беше сериозно поврзуван со каталонскиот клуб во последните месеци, додека Алварез …

Continue Reading

Арагон е империјата на Марк Маркез

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои Големата награда на Арагон. Како член на Дукати, Маркез владее на патеката „Моторленд“ – има три триумфи и во спринтот и во главната трка. Шпанецот ја заврши трката за 41:10.969 минути. Тој го презеде водството во шестиот круг – кога го престигна тогаш водечкиот Бецеки од втората позиција, а потоа стекна убедлива предност …

Continue Reading

(Видео) Челзи го победи Брајтон во натпревар со седум гола разлика

Во спектакуларен натпревар на „Стемфорд Бриџ“, Челзи го победи Брајтон со 4:3 и со тоа му ја донесе првата победа на Хаби Алонсо на домашен терен во Премиер лигата. „Сините“ поведоа со 3:0, потоа им дозволија на гостите да се вратат во натпреварот, но сепак успеаја да освојат три бода. Домашниот тим поведе во четвртата минута. По центаршутот на Жоао …

Continue Reading

Кај 57-годишник пронајдени два пиштоли и куршуми

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода 57-годишниот К.Д. од тетовското село Жилче, по пријава за пукање со огнено оружје. Како што информираат од полицијата, на 29 август во 23:40 часот, при преземените мерки во дворот на викенд-куќа биле затекнати четири лица. Кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина куршуми, додека во дворот биле констатирани …

Continue Reading

Пронајдена 37-годишната Бугарка која исчезна на Шар Планина

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево е пронајдена  37-годишната бугарска државјанка која синоќа била пријавена за исчезната на Шар Планина и оти е во добра здравствена состојба. Таа била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв. Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, при што констатирале дека жената не се вратила …

Continue Reading