Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија. „Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум. Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на …
Continue Reading
Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков
Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот директор Оливер Арсовски, соопшти Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ). Од СКРМ информираат дека ја добиле изјавата на Петрушевска, која повеќе од 30 години е вработена како оркестарски уметник – прва обоа во Македонска опера и балет, и суспензијата …
Continue Reading
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година. Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра. Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член …
Continue Reading
„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани
Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија. Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите
Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум. „Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во …
Continue Reading
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство. Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“. Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за …
Continue Reading
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото. Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. „Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон. Додаде дека Европа мора да …
Continue Reading
„Нашите црвени линии не се тема за расправа“ – порака на данската премиерка од Брисел
Данската премиерка Мете Фредериксен пристигна на вонредниот самит на Европска унија. На почетокот им се заблагодари на другите земји членки за поддршката. „Кога Европа не е поделена, кога стоиме заедно, јасно и силно, вклучително и со подготвеност да застанеме во одбрана на самите себе, резултатите се видливи“, изјави таа. Истакна дека Данска сака да најде решение и дека побарала посилна …
Continue Reading
Трилатерални разговори во Емиратите: Украина, Русија и САД на маса
Во Обединети Арапски Емирати ќе се одржи трилатерален состанок на украински, американски и руски претставници, што се смета за знак на интензивирање на мировните преговори за завршување на војната во Украина. Ова денеска го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на говорот на Светски економски форум, додавајќи дека дводневниот состанок ќе се одржи во петок и сабота, пренесе Си-Ен-Ен. …
Continue Reading