Макрон: Ова е повик за будење за Европа, мора да почнеме да се однесуваме како светска сила

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика Европа да се наметне на светската сцена, предупредувајќи дека континентот се соочува со „повик за будење“ поради растечките закани од Кина, Русија, па дури и од САД. Пред самитот на ЕУ оваа недела во Брисел, Макрон изјави за неколку европски весници дека е време Европа да почне да се однесува како „светска сила“, објави …

Continue Reading

Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба

Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на …

Continue Reading

Калас: Ќе предложиме услови што Русија мора да ги исполни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе предложи список на отстапки што Европа треба да ги побара од Русија како дел од решението за прекин на војната во Украина. „Сите на масата, вклучувајќи ги Русите и Американците, мора да разберат дека Европејците се потребни за да се постигне мировен договор“, …

Continue Reading

Шпанија во страв од возови: патниците се откажуваат од железницата по трагедиите

По двете железнички несреќи што се случија во Шпанија во јануари и во кои загинаа 47 лица, речиси половина од корисниците размислуваат да престанат да патуваат со воз или веќе го сториле тоа, според анкета објавена денес од Агенцијата 40dB. Се покажа дека 58 проценти од испитаниците веруваат дека шпанскиот железнички систем влева „малку“ или „никаква“ доверба, додека 24,2 проценти …

Continue Reading

Средба Милошоски – Клајн: Поддршка од Унгарија кон нашите ЕУ интеграции

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор. Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти. Амбасадорот Клајн ја …

Continue Reading

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе …

Continue Reading

Неверојатниот Клебо победи во спринтот

Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал. Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е …

Continue Reading

Ризик од поплави: три департмани на запад во Франција под портокалов аларм

Француската метеоролошка служба „Метео Франс“ стави три департмани на западот од земјата на портокалово ниво на тревога поради ризик од поплави, беше објавено денес. Од 10 часот наутро, департманите Ванде и Де-Севр се придружија на Морбижан, кој е под портокалово предупредување од саботата, а според метеоролозите, нивото на реките се зголемува по обилните дождови во текот на претходните денови и …

Continue Reading

Владата го утврди Предлог-Законот за Советот на јавните обвинители, соопшти Министерството за правда

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон, како што е соопштено, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. „Клучни измени во Предлог-законот: Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање …

Continue Reading