До среда нестабилно време со врнежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Во Скопје, …

Continue Reading

ЗНАМ му честита на Радев: Очекуваме да се отвори простор за зрел дијалог

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до Румен Радев, како и до партијата Прогресивна Бугарија за остварениот изборен резултат на парламентарните избори. „Очекуваме новата Влада да придонесе кон натамошно зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и доследно почитување на европските вредности и стандарди, вклучително и исполнување на Копенхашките критериуми“, велат од партијата. Движењето ЗНАМ изразува искрена надеж …

Continue Reading

Проштална средба на Гаши со амбасадорот на Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана. „Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини со кои значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во иднина очекува да продолжи процесот на …

Continue Reading

Уапсени 14 возачи, најмногу од нив за возење без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти МВР. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во …

Continue Reading

Хaланд за судењето: Габриел требаше да добие црвен картон

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека дефанзивецот на Арсенал, Габриел, требало да биде исклучен поради обидот за удар со глава. Сити го победи Арсенал со 2:1, во натпреварот од 33-то коло од Премиер лигата, а победничкиот гол го постигна Халанд, кој го надмудри Бразилецот во таа ситуација. После тоа, двајцата влегоа во конфликт, Габриел ја потпре главата на …

Continue Reading

Лукашенко со остра порака до соседите: Белорусија ќе одговори на секој чин на агресија со сите расположиви средства

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, издаде остро предупредување до своите западни соседи и Украина, велејќи дека Белорусија ќе одговори на секој чин на агресија со сите расположиви средства, вклучително и помош од Русија. Во интервју за „Раша тудеј“, кое го емитуваше белоруската државна новинска агенција „БЕЛТА“, Лукашенко нагласи дека Белорусија не сака војна, но е подготвена да се брани, пренесе „Киев …

Continue Reading

(Фото) Свечено отворање на националната вежба „БЛЕСОК 26“ во кампот за обука „Пепелиште“

Во кампот за обука „Пепелиште“ со свечена церемонија денеска беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Од Армијата наведуваат дека вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени …

Continue Reading

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Реформите во правосудството се наш врвен приоритет

Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда …

Continue Reading

Македонија и БиХ ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза

На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза. Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за …

Continue Reading