Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

Иран се соочува со агресија, МНР наместо пддршка да го осуди американско – ционистичкото дивеење, велат од Левица

Политичката партија Левица најостро ја осудува, како што велат од таму, американско-ционистичката агресија врз Иран, вклучително убиството на дел од неговото воено-политичко раководство и масакрите врз цивилното население. „Ова подивено однесување на екстремно-десничарската администрација на Трамп во соработка со геноцидниот касап Нетањаху претставува флагрантен државен тероризам, газење на меѓународниот поредок, и акт на воена агресија чија цел е дестабилизација на …

Continue Reading

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација на и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион. Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата …

Continue Reading

Без вода утре, делови од Центар и Сарај

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар) · Поради чистење …

Continue Reading

(Видео) Нетанјаху се појави за прв пат по нападот врз неговиот кабинет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го посети местото на нападот во израелскиот град Беит Шемеш, кој беше погоден од иранска ракета. Нетанјаху ја прегледа штетата откако ракетата наводно успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да ја уништи синагогата, при што загинаа најмалку девет лица, објави „Скај њуз“. Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во …

Continue Reading

Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат“ на Малата сцена во МОБ

На 7 март во 11:00 часот, на Малата сцена на Македонската опера и балет, премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Истата ден ќе следи реприза во 13:00 часот, а следните изведби се закажани на 14 март во 11:00 и 13:00 часот. Станува збор за нова продукција наменета за деца од 4 …

Continue Reading

Трамп за војната на Блискиот Исток: Го „растураме“ Иран, нов бран напади допрва ќе дојде

Американската војска го „растура Иран“, но нов голем бран напади сè уште не е дојден, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за CNN, Трамп оцени дека американските операции во нападите врз Иран одат многу добро, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави имаат најголема армија во светот и ја користат. Тој изјави дека не сака војната со Иран да трае …

Continue Reading

Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот. На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран …

Continue Reading

Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени

Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. …

Continue Reading

Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата. Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската проверка на …

Continue Reading