Уништени детски игралишта, спортски терени: Општина Бутел најавува видео надзор на јавните површини за намалување на девијантните појави


depositphotos_3892028_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Бутел информира дека се започнати активности за поставување на видео надзор на јавните површини во општината.


Ова како што појаснуваат, од причина што во изминатиот период, се оштетени голем број на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови во општината.

„Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. Поставувањето на видео надзорот ќе придонесе за намалување на девијантните појави“.

Снимките од надзорот, како што потенцираат, ќе може да се користат единствено по налог на надлежните институции, со целосно почитување на законите.

Градоначалникот Дарко Костовски упати апел за совесно користење на урбаната опрема и заштита на општинскиот имот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK