Претставници на МВР од Одделот за внатрешна контрола во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата

Делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди предводена од помошник на министерот м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржа работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе. За време на посетата се …

Continue Reading

(Видео) Петровска: Трипуновски потона во скандали и корупција, а земјоделците останаа без субвенции и без пари

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски порача дека зад гласните ветувања на Трипуновски останале само лаги, скандали, корупција и целосно разочарување кај земјоделците. „Велевте дека нема компромис со доброто на земјоделците, сточарите, нивните семејства. Ветувавте чуда, преродба, правна држава, систем. 3% од сето тоа кажано да го реализиравте, денеска …

Continue Reading

Изгоре плевна во Мислешево: пожарот зафатил и дел од куќа

На 09 јуни во 22:47 часот во ОВР Струга е пријавено дека во селото Мислешево, струшко, настанал пожар во плевна, кој зафатил и една соба од куќа. Повредени лица нема, а екипа од Територијалната единица Струга ги евакуирала станарите од куќата и домашните животни од плевната. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Continue Reading

Ристески: Интерпелацијата за Трипуновски е политички маневар за дефокусирање на јавноста

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески кој оцени дека интерпелацијата поднесена од опозицијата против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, не се темели на факти и претставува обид за дефокусирање на јавноста од состојбите што, според него, ги наследила актуелната власт. Ристески истакна дека наследството од претходната власт предводена од Љупчо …

Continue Reading

Министерство за транспорт реагира: Прес-конференција на СДСМ е уште една лага, постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури

„Денешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури“, реагира Министерството за транспорт на прес-конференцијата на СДСМ. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Одговорност од најнеспособниот Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделството и корупциските скандали

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во алармантна состојба, а министерот мора да понесе политичка одговорност за неисполнетите ветувања, хаосот во секторот и корупциските скандали. „Денес расправаме за работата на најнеспособниот министер Цветан Трипуновски за неговата одговорност пред земјоделците, сточарите, овоштарите, лозарите …

Continue Reading

Уапсен 43-годишник од велешко: затекнат е при обид да изврши кражба во црква

Ноќеска во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 43-годишниот Д.М. од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во …

Continue Reading

(Видео) Лукаревска: Земјоделците се оставени без поддршка, субвенциите доцнат, земјоделството тоне без одговорност

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во Собранието обвини дека земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми во реализацијата на мерките и поддршката. Таа потсети дека во програмата на Владата беше предвидена „ревитализација на земјоделските политики“ и вклучување на земјоделците во креирањето на мерките, но нагласи дека тоа не се реализира во пракса. „Во програмата на Владата за четири години стои посебно …

Continue Reading

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и и’ пренел заразна болест

Полицијата го приведе Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, соопшти МВР. Девојчето е на возраст под 15 години. Од страна на Институтот за судска медицина Скопје …

Continue Reading