Црвен аларм во Франција поради екстремните горештини, забранет алкохол на јавни настани
Франција воведе забрана за продажба и консумирање алкохол на дел од настаните во рамки на националниот музички фестивал Fête de la Musique поради силниот топлотен бран што ја зафати земјата. Властите издадоа највисок степен на предупредување – црвен аларм – за 35 француски департмани, а од кабинетот на премиерот Себастијан Лекорну соопштија дека на државните настани нема да се служи …
Continue Reading
Вучиќ: Избори ќе има во октомври или ноември
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија ќе се одржат избори во октомври или ноември. Во интервју за три провладини телевизии, Вучиќ изјави дека повеќе детали, како и одговор на прашањето дали ќе се кандидира за премиер, ќе соопшти на собирот на владејачката Српска напредна странка (СНС), закажан за 27 јуни во Белград. Претходно, функционери на СНС во неколку …
Continue Reading
Њукасл одби 90 милиони за Тонали
Фудбалскиот клуб Њукасл ја отфрли понудата на Тотенхем вредна околу 92 милиони евра за италијанскиот играч од средниот ред Сандро Тонали, објавија британските медиуми. Понудата пристигна на почетокот на неделата, но „страчките“ експресно ја отфрлија можноста за преговори, јасно ставајќи до знаење дека не сакаат да се откажат од еден од клучните играчи во тимот. Тренерот на Тотенхем, Роберто Де …
Continue Reading
(Видео) Дениз Ундав ги скроти „Слоновите“
Германската фудбалска репрезентација направи голем пресврт и славеше пбеда во дуелот со Брегот на Слоновата Коска со 2:1 во натпреварот од второто коло од Групата Е. Брегот на Слоновата Коска водеше од 30-та минута, а Денис Ундав ја донесе победата на Германија од клупата со два гола. Со оваа победа, Германија обезбеди место во нокаут фазата на Светското првенство. Германија …
Continue Reading
Бецеки суспендиран, нема да вози на ГН на Чешка
Лидерот во кралската класа, во Мото ГП шампионатот, Марко Бецеки, е суспендиран од утрешната трката за Големата награда на Чешка. Дирекцијата на трката му изрече толку строга казна на возачот на Априлија за неспортско однесување, откако по излетувањето во спринт трката, тој турна и удри стјуард кој се обидуваше да стигне до неговиот мотор. Во образложението на одлуката се наведува …
Continue Reading
„Сите нека знаат“ – На скопската Парада на гордоста испратена порака за еднаквост, видливост и почитување на човековите права
Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во Скопје се одржа осмото издание на Скопје Прајд. Учесниците на маршот испратија пораки за еднаквост, видливост и почитување на човековите права. Според организаторите, ЛГБТИ+ заедницата и понатаму се соочува со дискриминација, стигматизација и чувство на несигурност, особено кај младите лица поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет. Организатор на настанот е Националната мрежа …
Continue Reading
(Видео) Холандија со петарда ја декласира Шведска
Репрезентацијата на Холандија ја декласира Шведска со 5:1, во второто коло во Ф групата и со една нога е во нокаут фазата. „Лалињата“ на овој натпревар станаа осмата репрезентација што постигнала најмалку 100 гола на Светските првенства. Холанѓаните во „првата четвртина“ ја најавија победата, кога џокерот на Роналд Куман, напаѓачот на Сандарленд, Брајан Броби постигна два гола, во шестата и …
Continue Reading
(Видео) Силно невреме со град ги погоди Австрија и Словенија
Силни грмежливи бури проследени со град денеска погодија повеќе делови од Австрија, а невремето подоцна се префрли и во Словенија. Во Австрија беше издаден црвен аларм за неколку покраини, а пожарникарите интервенирале на бројни локации. На некои места паѓал толку силен град што земјата за кратко време побелела како под снежна покривка. Die Gewitter haben heute örtlich auch intensiven Hagel …
Continue Reading
Полска: Одземањето на орденот на Зеленски беше промислена одлука
Шефот на кабинетот на полскиот претседател, Збигњев Богуцки, изјави дека Украина не ја искористила можноста што ѝ ја дал полскиот претседател Карол Навроцки да ја поништи одлуката за именување воена единица по хероите на Украинската востаничка армија (УПА). Изјавата следува откако Полска му го одзеде на украинскиот претседател Володимир Зеленски Орденот на Белиот орел поради оваа одлука. Коментирајќи ја реакцијата …
Continue Reading