(Видео) Марез призна дека наместен бил натпреварот против Австрија?!

Најдобриот алжирски фудбалер Ријад Марез се најде во центарот на скандал откако неговата изјава за финишот од натпреварот против Австрија разгоре сомнежи дека мечот бил наместен. На крајот, резултатот беше 3:3, што им гарантираше на Алжир и Австрија место во нокаут фазата на Светското првенство, но начинот на кој тоа беше постигнато предизвика бројни контроверзии. Натпреварот влезе во напната завршница …

Continue Reading

(Видео) Велјановски: „Безбеден град“ дава резултати, остануваме цврсто посветени на заштитата и безбедноста на граѓаните

Системот „Безбеден град“ дава резултати. Во првите пет месеци од примената на системот бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период минатата година, на 33 оваа година, изјави Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „До моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се …

Continue Reading

Што не треба да јадете за време на екстремни горештини

За време на топлотен бран, одредени намирници можат дополнително да го оптоварат организмот и да го зголемат чувството на жештина, предупредува нутриционистката Лола Бигс. Таа посочува дека купечкиот сладолед, иако краткотрајно разладува, содржи многу масти и шеќери, поради што организмот троши повеќе енергија за негово варење, па човек подоцна може да се чувствува уште потопло. Бигс советува да се избегнуваат …

Continue Reading

(Видео) Мајка од Венецуела и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините: „Ме мотивираше да останам будна“

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо 18 дена, во Венецуела, раскажа за Би-Би-Си како нејзиниот син ѝ помогнал да преживее катастрофален земјотрес. Дајана Патино рече дека нејзиниот син Хуан Давид ѝ дал „мотивација да остане будна и смирена“. „Се додека тој беше жив, знаев дека ќе преживеам. Од време на време го …

Continue Reading

Започнува Вимблдон, Синер и Швјонтек ги бранат титулите – Лина Ѓорческа игра утре

Попладнево започнува неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон. Третиот Гренд слем во сезоната ќе го отворат бранителот на титулата Јаник Синер и српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ. Мечот на Централниот терен ќе започне во 14.30 часот. Годинешното издание на Ви,блдон е историско за македонскиот тенис. Прв пат во историјата, Македонија има претставник на главниот турнир. Лина Ѓорческа се избори за пласман …

Continue Reading

Туристите во Европа сè повеќе плаќаат за она што порано беше бесплатно

Плаќањето туристичка такса или користењето јавен тоалет за 50 центи станаа вообичаени, речиси очекувани трошоци при патување во Европа. Сепак, туристите сега ги дочека ново изненадување на шпанска плажа – тушеви кои се наплаќаат по минута. Нов „паметен туш“ се тестира на плажата Коста де ла Луз во Маталасканас, за кој капачите мора да платат во готово или преку QR …

Continue Reading

Ја задушил сопругата па го скрил нејзиното тело под гранки, а потоа пријавил дека е исчезната: предложен притвор за 51-годишник за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја …

Continue Reading

Цените на нафтата повторно растат поради новите тензии меѓу САД и Иран

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот по новата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран, која повторно ја зголеми неизвесноста околу безбедноста на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Цената на суровата нафта „брент“ достигна 73,21 долари за барел, што претставува раст од околу 0,9 проценти. Аналитичарите оценуваат дека пазарот можеби прерано реагирал со оптимизам по најавите за прекин на огнот, …

Continue Reading

Драмски театар: Со својата исклучителна творечка визија Сашо Миленковски остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност

Драмскиот театар преку објава на социјалните мрежи се прости од истакнатиот македонски режисер и драматург Сашо Миленковски кој почина на возраст од 63 години. „Со длабока тага се простуваме од Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, драматург и долгогодишен член на Драмски театар Скопје, кој со својата исклучителна творечка визија остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. Во текот на својата …

Continue Reading