Германскиот министер за надворешни работи: Русија му помага на Иран да идентификува цели
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, ја обвини Русија дека му помага на Иран да идентификува потенцијални цели за напад, додавајќи дека нема несогласување меѓу Вашингтон и Берлин по прашањето на војната против Исламската Република. Обраќајќи се на новинарите за време на состанокот во форматот на Г7 во Франција, Вадефул рече дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, …
Continue Reading
Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната …
Continue Reading
Максим Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка за реалните економски параметри и глобалната економска криза. „Минималната плата е ниска и треба да оди нагоре, но одлуката мора да биде прагматична.“ – истакна тој. Говорејќи за …
Continue Reading
Кремљ: Путин не побарал донации од олигарсите поради војната во Украина
Кремљ денес ги негираше извештаите дека претседателот Владимир Путин побарал од водечките бизнисмени да донираат пари за стабилизирање на финансиите на Русија додека војната во Украина продолжува. Информацијата ја објавија независните руски медиуми The Bell и Financial Times, повикувајќи се на неименувани извори, откако Путин вчера одржа состанок зад затворени врати со бизнис лидерите. „Не е вистина дека Путин упатил …
Continue Reading
Автобус удри во ученичка пред средно училиште, со тешки повреди е пренесена во болница
Автобус удри во ученичка пред средно училиште во кумановско село. Девојчето со тешки повреди е пренесено во болница. Вчера во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад …
Continue Reading
Кривична пријава против три лица, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
Полицијата поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, со сторени неколку кривични дела го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за …
Continue Reading
Хоџа на настан по повод Светскиот ден на водите: Со поддршка од Швајцарија ги подигнуваме стандардите во водниот сектор
На денешниот настан организиран од Швајцарската амбасада по повод Светскиот ден на водите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, официјално ја отвори јавната дискусија за Извештајот за значајни прашања во управувањето со водите за сливот на реката Вардар. Станува збор за клучна фаза во изработката на Планот за управување со речниот слив, а процесот е отворен за …
Continue Reading
Кон Кнупел, новиот крал на тројки во НБА
Кошаркарот на Шарлот, Кон Кнупел, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 250 тројки во една сезона. Крилниот играч на Хорнетс ја потврди својата добра форма во победата над Њујорк (114:103). Тој го заврши натпреварот со 26 поени, 11 скока и осум асистенции. За прв пат во кариерата, тој имаше најмалку 25 поени и 10 скока во …
Continue Reading
Филипче за изјавата на Мицкоски за работата на докторите со еликсир: Мизерно и срамота
Претседателот на СДСДМ, Венко Филипче, реагираше на вчерашната изјава на премиерот, Христијан Мицкоски, во која тој ја коментираше платата на лекарите и дека работеле со помош на еликсири, истакнувајќи дека ваквите изјави се мизерни и навредливи за медицинските професионалци. „Христијане, за разлика од тебе, што ништо не си работел ние сме работеле и дежурале и 24 часа и повеќе денови …
Continue Reading