Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден
По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24 јули (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти …
Continue Reading
(ВИДЕО) Боби Андонов повторно пее на македонски: „Момент“ е лична емоција од правата средба со сопругата
По години поминати во Лос Анџелес, каде што пишува, создава и соработува со врвни музички професионалци, Боби Андонов отвора ново поглавје во својата кариера со песната „Момент“, односно ново музичко издание на македонски јазик. Светски, а сепак наш – Боби е еден од оние артисти што со својот специфичен вокал, препознатлива боја на гласот, имиџ и музички сензибилитет одамна ги …
Continue Reading
Меси во 2007 година држеше во рацете шестмесечно бебе, сега ќе му биде противник во финалето на СП
Аргентина и Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство, а во пресрет на нивниот судир, една од најпознатите фудбалски фотографии во последните години повторно кружи на социјалните мрежи. На неа, 20-годишниот Лионел Меси го држи шестмесечниот Ламин Јамал, речиси две децении пред двајцата да станат ривали во натпреварот за титулата светски шампион. Финалето ќе се игра во недела, 19 …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна
Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвинението за случајот „Тотал“ за даночно затајување. „Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и …
Continue Reading
По трет пат по ред, еден клуб има најмногу играчи во финалето на Светското првенство
Атлетико Мадрид не успеа да освои трофеј минатата сезона, беа поразени во финалето на Купот на кралот, подоцна испаднаа во полуфиналето на Лигата на шампионите, но нивните играчи имаат значајна улога на тековното Светско првенство и ќе бидат најбројни во претстојното финале помеѓу Аргентина и Шпанија. Дури девет фудбалери од популарните „Јорганџии“ се во составите на Аргентина и Шпанија за …
Continue Reading
Началникот на Вооружените сили на Германија: Македонија е значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа
Република Северна Македонија претставува значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа, рече началникот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, кој е во официјална посета на Армијата. По приемот со високи воени почести, во Генералштабот тој оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. За време на средбата со генералот Лафчиски беше реафирмирана долгогодишната …
Continue Reading
Принцот Вилијам се огласи по поразот на Англија: „Скршен сум, дадовте сè од себе“
Принцот Вилијам е разочаран откако Англија не успеа да стигне до финалето на Светското првенство. Принцот од Велс, кој е покровител на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) и страствен навивач, го пофали „борбениот дух и верата“ на тимот и рече дека е исклучително горд на тимот и покрај тоа што загуби со 2-1 од Аргентина во полуфиналето на првенството што се …
Continue Reading
ВЛЕН: Каде завршија деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација?
Од ВЛЕН прашуваат каде завршиле деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација? „Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со …
Continue Reading
Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на дебатата за проширување на Европската Унија организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на институциите, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општество од земјите членки на ЕУ и од земјите кандидати. Дебатата организирана на највисоки ниво ја отворија претседателот на ЕЕСК Шејмус Боланд и …
Continue Reading