(Видео) Серија израелски напади во Либан, убиен градоначалник
Градоначалникот на Ар-Рихан во округот Џезин на југот на Либан, Али Бади, загина во израелски воздушен напад, објави либанската Национална новинска агенција (ННА). Според извештаите на регионалните медиуми, израелската војска извела низа напади со дронови во округот Џезин, таргетирајќи ги општините Ар-Рихан и Кфар Хуна. Во Кфар Хуна било погодено и едно возило, но за оваа специфична цел сè уште …
Continue Reading
Киев ги прифати барањата на Унгарија за малцинските права во Закарпатје
Договорот меѓу Унгарија и Украина за регулирање на образовните, културните и јазичните права на унгарското малцинство во регионот Закарпатје и официјално стапи на сила, соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на својот Фејсбук профил. Брзо решение по децениски застој Според информациите што ги пренесува новинската агенција МТИ, украинската страна се согласи целосно да ги исполни сите точки од официјалниот протокол. …
Continue Reading
Двајца работници тешко повредени во одделни несреќи на работните места
Двајца 51-годишни мажи се здобиле со тешки телесни повреди во одделни несреќи што се случиле при извршување работни задачи во пробиштипско и скопско. Како што информира МВР, во 16:45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено од Итната медицинска помош дека кај нив бил донесен Г.С. (51) од селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи …
Continue Reading
„Чекаме веќе три часа“ – огромни колони на грчката граница донесе почетокот на летниот распуст
Почетокот на летниот распуст и сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција, една од омилените летни дестинации на туристите од регионот. Според сведоштва на патници, на граничниот премин Евзони се чека со часови, а колоните возила се движат многу бавно. „Чекаме веќе три часа, а границата сè уште не се гледа. Работат повеќе …
Continue Reading
(Видео) Политичарка со бујно деколте во центарот на вниманието по победата на Мексико
Претприемачката и поранешна градоначалничка на општината Куаутемок во Мексико Сити, Сандра Куевас, привлече големо внимание за време на прославата по победата на Мексико над Јужна Африка на отворањето на Светското првенство. Куевас им се придружила на илјадниците навивачи собрани кај споменикот Ангел на независноста во Мексико Сити, а снимките од нејзиното присуство брзо се прошириле на социјалните мрежи. Copa Mundial …
Continue Reading
Две лица запалиле стари класери во објект на поранешен комбинат во Штип
Жител на Штип пријавил во полиција дека две лица предизвикале пожар во една од подрумските простории на зградата на поранешниот комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“. Според информациите од МВР, лицата запалиле стари класери, по што го напуштиле местото на настанот. Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го изгасне огнот. Полицијата презема …
Continue Reading
Скопјанец грабнат среде бел ден и однесен на автоплац во Карпош, па во Шишево – тешко повреден
Триесет и шестгодишен жител на скопско пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и грабнат и однесен на друга локација. Според информациите од МВР, Д.Е. пријавил дека околу 14 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила. Како што навел во пријавата, едно од лицата, Р.Б., физички го нападнало …
Continue Reading
ФИФА се огласи поради фотографијата од празните трибини
Се чини дека на натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка немало 44.985 гледачи, како што претходно објави ФИФА, поради што светската фудбалска организација се огласи со објаснување. „Официјалните податоци за посетеноста го одразуваат бројот на скенирани билети и гледачи кои биле присутни на стадионот, а не визуелни проценки за тоа колку седишта биле пополнети во кој било момент од натпреварот. …
Continue Reading
Вандализам на гробиштата во Бутел, уништени 11 гробни места
Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места. Според информациите од МВР, лицето со иницијали К.К. со метален предмет предизвикало оштетувања на гробните места. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading