Фицо: Нема да одиме во војна поради некаков Член 5


Depositphotos_838495386_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словачкиот премиер Роберт Фицо изрази загриженост за можен конфликт меѓу Русија и НАТО и ја доведе во прашање посветеноста на неговата земја на принципот на колективна одбрана на алијансата. Во пресрет на неговата посета на Украина, Фицо оцени дека војната во таа земја „излегла од контрола“ и дека опасноста од конфликт на ниво на цела Европа никогаш не била поголема, пишува “The Kiev Independent”.


„Не сакам Словачка да биде дел од вооружен конфликт поради некаков Член 5“, рече Фицо во словачкиот град Прешов. Тој се осврна на одредбата од Северноатлантскиот договор, според кој нападот врз една членка се смета за напад врз целата алијанса. Член 5 ги обврзува сите земји-членки на НАТО да му помогнат на сојузник кој е нападнат на кој било начин што го сметаат за соодветен, што може да вклучува и вооружен одговор.

Фицо, е еден од најгласните критичари на европската воена помош за Украина. Тој е исто така еден од ретките шефови на влади од членки на НАТО кои се сретнале со рускиот претседател Владимир Путин за време на сегашната војна.

„Да, ние сме во НАТО, го цениме тоа, а соработката и обврските се важни за нас. Сепак, како шеф на влада, ќе направам сè што можам за да спречам Словачка да биде вовлечена во вооружен конфликт“, додаде тој.

Словачкиот лидер ги обвини европските престолнини за поттикнување војна и тврдеше дека тие се обидуваат да најдат „изговор за голем конфликт меѓу НАТО и Русија“. Неговите изјави доаѓаат во време на серија сомнителни руски хибридни операции низ Европа и зголемен број руски напади во близина на границите на Украина со земјите од НАТО.

Фицо, полскиот премиер Доналд Туск и други европски лидери денес патуваат во Украина за да се сретнат со високи функционери. Првиот самит на „Карпатската осумка“ се одржува во регионот Ивано-Франкивск во западна Украина од 18 до 20 септември.

Тоа е форум за регионална соработка што ги обединува Украина, Полска, Словачка, Чешка, Унгарија, Романија, Австрија и Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK