Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 100 мм на улицата Железничка б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Железничка и Герман, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Continue Reading
Маск: Мрежата X е под масивен сајбер напад
„Во тек е масовен сајбер напад врз мрежата Х“, објави денеска сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск, по неколкучасовните проблеми со пристапот до платформата што ја користат илјадници корисници. -Секојдневно нè напаѓаат, но овој напад беше организиран со многу ресурси. Има голема координирана група или некоја земја вклучена… ние го следиме тоа, додаде Маск. Илјадници корисници се соочуваат со проблеми …
Continue Reading
Еден исчезнат по несреќата на брод и танкер во Северното море, бродот носел токсичен цијанид
Несреќа меѓу танкер и товарен брод се случи во Северното Море во близина на источниот брег на Јоркшир. Сопственикот на товарниот брод – по име Солонг – вели дека еден од неговите 14 членови на екипажот е исчезнат. Болничарите велат дека 36 членови на екипажот се безбедни.Товарниот брод Солонг превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, меѓу другите товари, кога се …
Continue Reading
Летаат ракети: напад во трговски центар во Херсон
Едно лице загина, а шест лица се повредени во напад на украинските сили на пазар во областа Херсон, изјави портпаролот на регионалниот гувернер Володимир Василенко. Руската воздушна одбрана уништила девет украински беспилотни летала над пет региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. Доналд Трамп во неделата рече дека постои можност Украина „да не ја преживее“ …
Continue Reading
Приведени бизнисменот Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски
Бизнисмените Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски се приведени, поради кривични дела поврзани со набавка на деривати. „Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела …
Continue Reading
Три недели што го променија светот: Како Трамп се сврте против Украина и Европа
На Европа и беа потребни само три недели и спорниот состанок на Овалната канцеларија за да сфати дека нејзиниот 75-годишен сојуз со САД се распаѓа. И кога администрацијата на Трамп минатата недела го замрзна прво протокот на американско оружје во Украина, а потоа и разузнавачките информации кои предупредуваа за претстојните ракетни лансирања на Русија и движењето на војниците, теоретската ранливост …
Continue Reading
Мал авион се урна врз колиба во Словенија, пилотот се уште не е пронајден
Мал авион утрово по полетувањето од Загреб удрил во колиба лоцирана во областа Велика Планина во Словенија. Авионот Mooney Ovation M20R изгубил контакт со контролата на летот околу 9:30 часот, по што почнал да се спушта во спирала од височина од 2.500 метри. Околу 12:30 часот спасувачите пронашле делови од леталото кое удрило во кабина сопственост на Машинскиот факултет во …
Continue Reading
Хаос на тренингот на Ливерпул – дојде до судир меѓу Трент и Салах
Според англиските медиуми, на тренингот на Ливерпул во понеделникот дошло до судир меѓу Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд. Двајцата фудбалери во еден момент енергично се упатиле еден кон друг, додека Салах цело време имал насмевка на лицето, што предизвикало смеа кај повеќето соиграчи. Од друга страна, Александар-Арнолд остана сериозен, што додаде доза на неизвесност на ситуацијата. Со брзата реакција на …
Continue Reading
Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати
На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. – Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во …
Continue Reading