Еден исчезнат по несреќата на брод и танкер во Северното море, бродот носел токсичен цијанид


20-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Несреќа меѓу танкер и товарен брод се случи во Северното Море во близина на источниот брег на Јоркшир. Сопственикот на товарниот брод – по име Солонг – вели дека еден од неговите 14 членови на екипажот е исчезнат. Болничарите велат дека 36 членови на екипажот се безбедни.Товарниот брод Солонг превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, меѓу другите товари, кога се судрил со танкерот „Stena Immaculate“ во Северното Море, кој превезувал авионско гориво, јавува Би-Би-Си.


Натриум цијанид е бела кристална супстанција со слаб мирис на бадем. Индустриски се користи за чистење и галванизација на метали, во фотографијата и за производство на други хемикалии.

Изложеноста на соли на цијанид може да предизвика главоболки, гадење, вртоглавица, нервоза, збунетост и промени во срцевиот ритам, а во потешки случаи, проблеми со дишењето, срцев удар, па дури и смрт.

Натриум цијанидот е многу растворлив во вода и може да биде токсичен бидејќи го попречува процесот на дишење кај животните, објасни др. Марк Хартл, вонреден професор по морска биологија на Универзитетот Хериот Ват.

Иако сè уште не е јасно дали хемикалијата истекла во морето или изгорела, постои можност да ги загрози водните организми доколку се проголта. Др. Хартл додава дека рибите имаат природен рефлекс за избегнување на опасните материи, така што некои видови можеби веќе ја напуштиле областа на судир.

Засега не е познато дали натриум цијанид истекол во морето, но властите ја следат ситуацијата и ќе ги преземат неопходните заштитни мерки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK