200 илјади евра казна за БУЛМАК поради прекршок од трета категорија, извести МЖСПП

По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за …

Continue Reading

Гренланд има нова влада, договорена големата коалиција

Пратениците од Гренланд вчера се согласија да формираат нова влада, здружувајќи ги силите за да се спротивстават на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот. Четири од петте партии избрани во парламентот на Гренланд се согласија да формираат коалиција која ќе има 23 од вкупно 31 место во законодавниот дом. Договорот се очекува да биде потпишан денеска, …

Continue Reading

Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција, бара Хелсиншкиот комитет за човекови права

„Се навршија речиси две недели од трагедијата во Кочани, а Собранието уште ги одложува своите седници, меѓу кои и седницата за пратенички прашања. Неприфатливо и неодговорно е пратениците да не одржуваат седници во време на ваква трагедија кога граѓаните очекуваат одговори, кога треба да се анализира системот и да се договараат следните чекори што би можеле да ги преземе Собранието …

Continue Reading

Индијана Пејсерс во Вашингтон постигнаа 162 поени

Кошаркарите на Индијана го совладаа Вашингтон со 162:109 и поставија рекорд на франшиза по бројот на постигнати поени во еден натпревар. Девет играчи на Индијана постигнаа двоцифрени поени, а лидери беа Тајрис Халибартон со 29, Мајлс Тарнер со 17 и Џерес Вокер со 16 поени. Пејсерси можеа и поубедливо да победат, но не ги искористија нападите на нешто повеќе од …

Continue Reading

(Видео) Центарот на Мандалеј уништен од земјотрес, десетици луѓе затрупани во урнатините

Првата снимка доаѓа од Мјанмар, од градот Мандалеј, во чија близина се наоѓал епицентарот на разорните земјотреси. Се известува дека се урнале бројни згради. Most of the buildings in epicenter Mandalay have collapsed after the massive earthquake that hit Myanmar and Thailand. #Bangkok #Myanmar pic.twitter.com/gTVHRjNF0i — J Gautam ♑️ (@JagrutBharatiya) March 28, 2025 Според неофицијални информации, десетици луѓе се затрупани …

Continue Reading

(Видео) Земјотресот во Мјанмар направи хаос и во Кина

На социјалните мрежи кружи видео, наводно направено во кинеската провинција Јунан, на кое се гледа како паѓа фасадата на повеќекатната зграда. UGC footage from Ruili, SW China’s Yunnan shows the moment M7.9 #Myanmar #earthquake shocked the city building https://t.co/i0iSh0sClu pic.twitter.com/O2229CPNou — ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) March 28, 2025 Два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според …

Continue Reading

(Видео) Мост падна како да е од карти: страшна снимка од разорниот земјотрес, оштетена историска палата во Мандалеј

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Сагаинг во северозападниот дел на Мјанмар. Потресите беа почувствувани во неколку градови, вклучувајќи ги Сагаинг, Мандалај, Кјауксе, Пјин У Лвин и Швебо во северниот дел на Мјанмар. Очевидци изјавија за Мјанмар сега во вторникот дека делови од историска палата во Мандалеј биле сериозно оштетени. Во исто …

Continue Reading

(Видео) Некогаш и сега: споредбата на изгледот на Лана Дел Реј ги поттикна гласините за Оземпик

Лана Дел Реј повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите поради видео. На Инстаграм се појави видео во кое се споредува изгледот на пејачката, а поради тоа што на најновото видео изгледа многу послабо, повторно почнаа да се шушка дека користи Оземпик. „Лана пред употреба на GLP-1 и потоа“, се вели во видеото. Најпрво се прикажува клип од …

Continue Reading

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: тресеше и во Тајланд на 1000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно …

Continue Reading