Украинскиот врховен командант: Русија започна офанзива врз регионите Суми и Харков
Олександр Сирски, врховен командант на вооружените сили на Украина, во интервју за LB.ua изјави дека руските сили започнале офанзива врз регионите Суми и Харков. На прашањето за изјавата на Володимир Зеленски дека Русија се подготвува за офанзива на регионите Суми и Харков, Сирски одговори дека офанзивата веќе започнала. „Можам да кажам дека претседателот е апсолутно во право и дека оваа …
Continue Reading
Kиднапирале старица и и ги украле парите: уапсени маж и жена во Загреб
Полицијата ја заврши кривичната истрага против 45-годишен маж и 26-годишна жена, осомничени дека на 24 март во Загреб киднапирале и ограбиле 86-годишна жена, соопшти Полициската управа во Загреб. Полицијата соопшти дека 45-годишен маж и 26-годишна жена се осомничени дека заедно извршиле разбојништво, противправно лишување од слобода и измама во обид, додека 26-годишната жена е осомничена и за компјутерска измама. Полицијата …
Continue Reading
Луис Енрике тврди дека ПСЖ (не) е фаворит против Астон Вила
Луис Енрике, тренерот на Пари Сен Жермен, не се согласува во целост дека неговиот тим е фаворит против Астон Вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите со Астон Вила, . Првиот натпревар се игра на „Паркот на принцовите“, вечерва од 21 часот. „Мислам дека сме фаворити како што бевме против Ливерпул во осминафиналето, кога обложувалниците не ни дадоа никакви шанси …
Continue Reading
Крајна фаза од реконструкцијата на улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров
Реконструкцијата на улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров која сега изгледа модерно и безбедно за сите корисници е во завршна фаза, известува општината. „Станува збор за поставување ново асфалтно-бетонско покритие на 1.110 од вкупно 2.200 метри од улицата, поточно од гробиштата до ул.„Црногорска“ во вредност од 25 милиони денари (со вклучен ДДВ), средства од општина Ѓорче Петров. На оваа улица, досега, …
Continue Reading
Грчки државјанин со пет евра сакал да поткупи цариник на Табановце
Грчки државјанин е уапсен на граничниот премин Табановце поради давање поткуп. При контрола на возилото тој во зелениот картон ставил пет евра за грнаичарот што го прегледувал. Според информациите на МВР, вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање …
Continue Reading
(Видео) ЦУК: Отстранета е опасноста на мостот на Пчиња кај селото Бадар
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека добиле известување од повеќе граѓани дека обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња. Притоа, големиот доток на вода во речното корито, попатно низводно нанел пообилна количина дрвна маса и истите вршата притисок на столбовите, заедно со водата, на мостот, пред …
Continue Reading
Зошто не е проширена истрагата за Кочани, прашуваат од СДСМ
И покрај тоа што поминаа речиси четири недели од трагедијата во Кочани, јавноста сè уште нема добиено одговори на клучните прашања: кој е одговорен за пожарот што се случи во „Пулс“ и кој е одговорен за серијата безбедносни пропусти, велат од СДСМ. Сè уште, како што додаваат, нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ, ниту пак …
Continue Reading
Америка: Кинеското разузнавање се обидува да регрутира наши владини службеници
САД предупредуваат дека кинеското разузнавање користи измамнички методи за регрутирање сегашни и поранешни функционери на американската влада. Предупредувањето од Националниот центар за контраразузнавање и безбедност доаѓа во време на масовни отпуштања во федералните институции. „Странските разузнавачки ентитети, особено оние во Кина, ги таргетираат сегашните и поранешните вработени во американската влада за цели на регрутирање, претставувајќи се како консултантски фирми, корпоративни …
Continue Reading
„Баџанакот на Мицкоски со бугарска фирма е и донатор на ДПМНЕ“, велат од партијата Левица
„Молкот за контроверзните бугарски фирми на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, добива нова димензија кога ќе се погледнат донациите на владејачката партија. Имено, токму баџанакот на Мицкоски се јавува како донатор на ДПМНЕ со сума од 20.000 евра (во 2019 и во 2021 година). За баџанакот на премиерот медиумите веќе објавија дека поседува и бугарско државјанство од 2017 година, …
Continue Reading