Хуманитарен натпревар – Вардар против Црвена звезда

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена звезда. Според последните информации за натпреварот се продадени преку 20.000 билети. Средтсвата ќе им бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Натпреварот ќе започне во 20 часот, директен пренос ќе има на МРТ и каналот „Арена Премиум 3“.

Continue Reading

ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА ОМУ „МЕТОДИ ПАТЧЕ“

По повод претстојните Велигденски празници, учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ вчеравачер приредија свечен Велигденски концерт. Публиката имаше можност да ужива во низа музички композиции на младите музичари, под менторство на нивните наставници. Во името на Општина Охрид на настанот присуствуваа Ана Крстеска, заменик градоначалник и советничките во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева Стојаносвска и Александра Настоска Николоска. …

Continue Reading

Општина Аеродром спроведува пролетна дератизација

Општина Аеродром деновиве спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија. Со дератизацијата се опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, како и сите основни училишта и детски градинки. Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.

Continue Reading

„Браќа Манаки“ објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Филмскиот фествал „Браќа Манаки“ го најавува своето 46. издание, кое ќе се одржи во Битола и објавува повик за пријавување филмови. Пријавувањето е од 17 април до 27 јуни на https://filmfreeway.com/ManakiBrothers. Награди: – Златна камера 300 за најдобра кинематографија (официјален избор) – Сребрена камера 300 за кинематографија (официјален избор) – Бронзена камера 300 за кинематографија (официјален избор) – Железна камера …

Continue Reading

Маж од Липково со „бмв“ возел 96 километри на час, на место каде што е дозволено 40

Полицијата го приведе Л.И.(22) од село Липково поради брзо возење. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 96 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час, велат од МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со …

Continue Reading

Менаџерот на Далас: Не жалам за Дончиќ

Нико Харисон, менаџерот на Далас Маверикс, уште еднаш објасни зошто го трејдувал Лука Дончиќ и повтори дека „одбраната носи титули“. Една од најголемите НБА ѕвезди од Далас се пресели во Лос Анџелес Лејкерс. Харисон го повтори својот став во вторникот во разговор со новинарите кои ги следат Далас Маверикс. Во едночасовниот разговор главна тема беше размената на играчи во која …

Continue Reading

(Видео) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, извести Царинската управа. Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со …

Continue Reading

Уапсен битолчанец: при претрес во неговиот дом пронајдена дрога

Вчера во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 38-годишниот В.Г. од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, извести МВР. В.Г. е приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Трамп воведува царини до 245% за Кина

Трговската војна меѓу двете најголеми светски економии нагло ескалира. Белата куќа објави дека Кина сега може да биде погодена со царини од дури 245 отсто за извозот во САД, како резултат на нејзините „одмазднички мерки“, пренесува Анадолија. Ова е највисоката царинска стапка досега спомната, која е наведена во документ штотуку објавен, заедно со извршната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд …

Continue Reading