ВМРО-ДПМНЕ: СДС е симбол на криминал, Владата е стабилна и работи на економски раст
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека слободното изразување мислење и став за различни проблематики за СДС е непознат поим. Во нивното соопштение се наведува дека од партија која на таканаречени внатрепартиски избори настапува со еден кандидат, без можност членовите да избираат, ништо друго и не може да се очекува. „Во владината коалиција владее демократија каде што секој има право на свое мислење, …
Continue Reading
Зеленски повторно не облече одело, дали го прекрши протоколот на Ватикан?
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна на плоштадот Свети Петар во Ватикан само неколку минути пред почетокот на церемонијата на погребот на папата Франциско. Неговото присуство предизвика внимание, но уште поголема реакција предизвика неговиот избор на облека. Имено, Зеленски повторно се појави без класично одело, што се смета за отстапување од строгите протоколарни норми на Католичката црква. Украинскиот претседател беше …
Continue Reading
Народната банка доби признание од ММФ за економската отпорност на Македонија
И покрај периодот на сериозни глобални кризи, Народната банка на Македонија одигра клучна улога во зачувувањето на економската стабилност и во зајакнувањето на отпорноста на домашната економија, беше истакнато на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и нивните тимови, учествува на средбите во Вашингтон каде …
Continue Reading
Прилепчанец возел ем пијан, ем со забрана, полицијата го приведе
28-годишниот А.М. од Прилеп ноќеска е лишен од слобода откако бил фатен како управува автомобил под дејство на алкохол и со активна забрана за возење. Според информациите од МВР, полициските службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, во 03.25 часот на улицата „7 Септември“ го сопреле патничкото моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки кое …
Continue Reading
Трамп: Русија и Украина се на чекор до историски договор
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Русија и Украина се на чекор до постигнување историски договор. По пристигнувањето во Рим, каде што ќе присуствува на погребот на папата Франциск, Трамп нагласи дека е време двете земји да седнат на преговарачка маса. „Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и Украина. Многу блиску се …
Continue Reading
Уапсен возачот кој удри повозрасен маж на кружен тек во Скопје
Скопјанецот Е.Ј. (31) е уапсен од страна на полицијата откако со својот автомобил удрил пешак на 87-годишна возраст во центарот на Скопје. Инцидентот се случил на 25 април 2025 година околу 20:30 часот, на кружниот тек кај улиците „Кирил и Методиј“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Костурски Херои“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е.Ј. управувал патничко возило „Фолксваген“ со …
Continue Reading
Левица: Стан во Центар од 1 денар, куќа од 28 денари, еве што пријавиле функционери од ВМРО-ДПМНЕ
Левица најостро ја осудува праксата на непрофесионално и паушално пополнување на анкетните листови за имотна состојба од страна на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи го тоа флагрантно потценување на законските обврски и грубо поткопување на транспарентноста и интегритетот на јавните функции. Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, функционерите се должни до Државната комисија за спречување на корупција …
Continue Reading
Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК
Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“, не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска. Дополнително, таа нема право да гласа или да врши распределба на предмети. Димитровска завчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во …
Continue Reading
(Видео) Лејкерси паднаа во финишот, први победи во плејофот за Милвоки и Орландо
Минесота Тимбервулвс поведоа со 2:1 во плејоф серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако победија со 116:104 на домашен терен. Првите победи во серијата од првото коло од плејофот ги забележаа Орландо и Милвоки. Тимбервулвс во првиот натпревар во Минеаполис го одбранија брејкот направен во Лос Анџелес. Натпреварот беше полн со пресврти. По почетното водство на Лејкерси од три поени, Минесота …
Continue Reading