Пијани возеле автомобили, полицијата ги фати и ги приведе

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово денеска ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од село Страцин, кратовско. МВР соопшти дека при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој …

Continue Reading

Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со неговата компанија Дивелоп Груп. Историјата на овој луксузен хотел е контроверзна, а за неговите потреби беше уништена и опожарена шума стара 70 години, додека виновниците за пожарот никогаш не беа лоцирани, велат …

Continue Reading

За еден ден 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле  63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 …

Continue Reading

Вориорс и без Батлер го победија Хјустон

Кошаркарите на Голден Стејт, без повредениот Џими Батлер, го победија Хјустон со 104:93 во третиот натпревар од првото коло на плејофот на Западната конференција, свртувајќи ја серијата во нивна корист на 2-1. И покрај тоа што играа без еден од своите лидери, кој го пропушти натпреварот поради повреда заработена во вториот натпревар, Вориорс успеаја да го надоместат раниот дефицит и …

Continue Reading

Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан. Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час. …

Continue Reading

Апасиев и Левица се прочитани и демаскирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев и Левица се прочитани и демаскирани, а нивното глумење скромност, одејќи со велосипед на работа и левичарски активизам, им е само параван за нивните матни зделки, велат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. „Левица и Димитар Апасиев не се грижат за граѓаните и државата, тие се заинтересирани само како да дојдат до деловни простории по багателна цена, на некоја атрактивна …

Continue Reading

Има жртви откако возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада

Неколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви. Полицијата соопшти дека возачот е во притвор по инцидентот во саботата во близина на улицата Фрејзер и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си. Се наведува дека полицијата ќе објави повеќе …

Continue Reading

Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир. „Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир“, напиша таа на официјалните социјални мрежи по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа …

Continue Reading

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните …

Continue Reading