Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи. Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според …

Continue Reading

Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето. Од МВР велат дека  преземаат мерки за  пронаоѓање на детето. Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.

Continue Reading

Исчезнаа две девојчиња од Скопје на возраст од 11 и 14 години, случајот пријавен во МВР

Две девојчиња на возраст од 11 и 14 години исчезнаа во Скопје. Случајот бил пријавен денес во полицијата во Шуто Оризари, од страна на родителите на девојчињата, објави МВР во дневниот полициски билтен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Continue Reading

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход од средбата во Ватикан, што навистина го прави историски“, објави Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател, Доналд Трамп, на маргините на погребот на папата Франциско во саботата. Договорот наскоро треба да биде ратификуван од украинскиот парламент. Според договорот, …

Continue Reading

Хју Џекмен позираше со Рајан Рејнолдс, фановите му порачаа да се дистанцира од него

Хју Џекмен предизвика низа реакции со објава на Инстаграм каде сподели фотографија на која позира со Рајан Рејнолдс, Шон Леви, продуцент на филмот „Deadpool & Wolverine“ во кој глумат Џекмен и Рејнолдс. Додека некои следбеници даваа комплименти на екипата, некои му испратија на актерот предупредување за неговото пријателство со Рејнолдс, чија сопруга Блејк Лајвли моментално е среде кавга со актерот …

Continue Reading

(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз. „Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот. Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце …

Continue Reading

Експлозија во теретана во Виена, повредени пожарникари

ЕНеколку лица се повредени по експлозија, а потоа и пожар во теретана во Виена. Се сомнева дека експлозијата се случила во сауната на теретаната. Набргу по експлозијата избувнал пожар. На местото на настанот брзо пристигнале пожарникарите и брзата помош. Пожарникарите успеале да влезат во салата, а недолго потоа дошло до експлозија. Притисокот од експлозијата оддалечил двајца пожарникари и тие потоа …

Continue Reading

(Видео) Турската полиција на нозе: приведени 384 лица по судирите на протестите

Турската полиција приведе 384 лица кои учествуваа на денешните првомајски собири по судирите со полицијата поради забраната за јавни собири на плоштадот Таксим, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул. Демонстрантите се обидоа да маршираат кон централниот градски плоштад Таксим и беа блокирани и туркани од полицијата, што доведе до судири додека демонстрантите се обидоа да ги пробијат барикадите, објави Ројтерс. …

Continue Reading