Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов


zletovska-reka-policija-makfax.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.


Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.

Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK