Вицепремиерот Фетаи за одлуката на пратеничката Мимоза Муса: Tи остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет
Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет. Во објава на Фејсбук, тој напиша: „Почит и благодарност за твојот непоколеблив став, драга Мимоза. Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во …
Continue Reading
Роналдо го продаде Ваљадолид
Ваљадолид испадна од Примера, но неговите навивачи денес слават. Клубот објави дека Роналдо Назарио повеќе не е сопственик. „Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Ваљадолид, Роналдо Луис Назарио де Лима, објавува дека потпишал договор за продажба на поголемиот дел од акциите на инвестициска група од Северна Америка, која е поддржана од фонд од Европа“, се вели во соопштението …
Continue Reading
Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик, културните манифестации и книжевноста
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски се обрати на настанот 23 Мај, Национален ден на Власите, во Македонски народен театар. „Денес, стојам овде пред вас со длабока почит, одговорност и чувство на благодарност. Благодарност кон една заедница која со векови е дел од срцето на оваа земја, која со својата истрајност, трудољубивост и љубов кон татковината оставила неизбришлива …
Continue Reading
Двајца загинати во тешка сообраќајка во Скопје
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две лица го загубија животот. „Денеска во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на булеварот „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“ во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот …
Continue Reading
Генералниот секретар на ОН: Израел дозволи само мала помош во Газа
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека Израел пропуштил само мал дел од помошта за Газа и повторно сигнализираше дека ОН нема да учествува во новиот план за дистрибуција поддржан од САД. „Без брз, сигурен, безбеден и одржлив пристап до помош, повеќе луѓе ќе умрат, а долгорочните последици за целото население ќе бидат длабоки“, изјави Гутереш пред …
Continue Reading
Зеленски: Она што Русија го прави веќе една недела е исмејување на целиот свет
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека обидот на Русија да состави таканаречен „меморандум за прекин на огнот“, кој трае веќе една недела, претставува отворено исмејување на целиот свет. Во своето последно јавно обраќање, тој рече дека Украина и нејзините партнери сакаат вистинско примирје, но дека Москва продолжува да го блокира значителниот напредок. „Потребен е прекин на огнот. Потребни се дипломатски …
Continue Reading
(Видео) Јанакопулос направи хаос, тргна да се пресмета со челниците на Евролигата
Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби. Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на полувремето. Кога судиите се упатија кон соблекувалната, Јанакопулос стана и почна да им вика, по што влезе на теренот и продолжи вербално …
Continue Reading
(Фото) Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена од претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод чествувањето на денот на светите браќа Кирил и Методиј. Делегацијата денеска присуствуваше на молебенот во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, со кој чиноначалствуваа владиците Јосиф и Јаков, заедно со претставници од …
Continue Reading
(Видео) Вучиќ го пречека Орбан во Белград: „Не разбирам што зборува, но му верувам сто проценти“
Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнаа во Белград каде што разговараа за зајакнување на односите меѓу Србија и Унгарија, кои двајцата лидери денес ги нарекуваат најдобри во историјата. Вучиќ по средбата се огласи на Инстаграм, велејќи: „Горд сум на нашето пријателство и најдобрите односи во српско-унгарската историја“. Заедно со објавата, тој сподели заедничко видео со …
Continue Reading