НБА ги објави најдобрите петорки, во првата нема изненадувања

НБА лигата ги објави најдобрите петорки за сезоната 2024/2025. Најдобрата петорка во лигата е речиси иста како и минатата сезона. Четворица од петте кошаркари добија максимални 100 гласови. Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер, Јанис Адетокумбо и Џејсон Тејтум ги добија сите 100 гласови што ги ставија во првиот тим. Овие четворица беа меѓу првите пет и …

Continue Reading

Семејствата на жртвите во „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Од Обвинителството велат дека преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто така, ќе можат и директно да …

Continue Reading

„Мит и стварност“ – нова книга од Паскал Гилевски

Книгоиздавателството „Панили“ објави нова книга од еден од најдаровитите и најсестрани македонски автори, Паскал Гилевски. Насловена „Мит и стварност“, книгата е сублимат и синтеза на неговото шестдецениско творечко – преведувачко и критичарско искуство и претставува значаен влог и за есеистиката и критиката во Македонија, воспоставувајќи толкувачки координати со книжевни великани на кои Гилевски претходно им има посветено големо внимание проучувајќи …

Continue Reading

(Видео) Два пати заѕвони телефонот на Трамп на прес-конференција: „Се јавуваат да ни честитаат“

Доналд Трамп одржа прес-конференцијата во Овалната соба, посветена на нуклеарната енергија, но, вниманието го привлече неговиот „ајфон“, кој ѕвонеше двапати додека се обидуваше да ги објасни новите тарифи. „Ох, телефонот ми ѕвони, не ви пречи, нели? – рече Трамп, насмеан додека посегнуваше по апаратот. „Во ред, тоа е само еден конгресмен“, се пошегува тој, ставајќи го телефонот со лицето надолу …

Continue Reading

(Видео) Беше тешка ноќ за цела Украина, рече Зеленски по рускиот напад со дронови

Тешкиот напад на руски беспилотни летала и балистички ракети врз Украина во текот на ноќта беше нов демонстрација дека Москва го блокира договорот за прекин на огнот што ќе стави крај на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Беше тешка ноќ за цела Украина“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм. Руските сили истрелаа 14 проектили и 250 беспилотни летала кон …

Continue Reading

(Видео) Филипче од Штип: Зад кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж

Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип. „Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче. И во Штип, Филипче повтори дека долгот …

Continue Reading

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто ексминистерот за здравство и актуелен претседател на опозициската партија, Венко Филипче е изземен од случајот Онкологија. Партијата оценува дека Венко Филипче бил убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија, а неговиот мандат, поврзан со скандали и злоупотреби. „Самиот Филипче е …

Continue Reading

Љубовен хороскоп за јуни: Доаѓа тест за Стрелецот, длабоки чувства за Вагата, а eден знак ќе биде магнет за сродните души

Јуни 2025 година носи драма и длабоки емоции – некој ќе сака мир, некој ќе сака огномет, а некој ќе ги сака и двете во исто време. Овен Во вас ќе се разбуди оган кој одамна не сте го почувствувале. Срцето ќе сака повеќе, не само физички контакт, туку автентична врска. Во врската ќе треба да изберете помеѓу држење на …

Continue Reading

Сабја на Наполеон продадена на аукција за повеќе од 4,6 милиони евра

Сабја која му припаѓала на Наполеон Бонапарта е продадена на аукција во Париз за 4,66 милиони евра. Ова значи дека оружјето речиси го постигнало светскиот рекорд за артефакт на Наполеон, соопшти во петокот аукциската куќа Друо. Според аукциската куќа, сегашниот рекорд е 4,8 милиони евра, постигнат за наполеонова сабја од битката кај Маренго. Оружјето првично беше проценето на меѓу 700.000 …

Continue Reading