Израелската армија пресретна ракета од Јемен, се огласија сирените
Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен кон Израел. Сирените се огласија во неколку области на земјата, соопшти претходно израелската војска. Сирени се огласија и во некои делови на Ерусалим, соопштија новинарите на АФП. Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, јеменските Хути, кои се врзани со Иран, продолжија да истрелуваат ракети врз …
Continue Reading
ДУИ oбвинува за дискриминација на Албанците во Царинската управа
Демократската унија за интеграција вели дека 26 службеници во Царинската управа од македонска етничка припадност биле унапрдени, без ниту еден Албанец. Од ДУИ обвинуваат дека се води систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата. Повикаа на итна реакција од Владата и одговорност од оние кои, како што велат, со своето молчење или …
Continue Reading
Таравари го разреши Арбен Фетаи и уште неколку членови на претседателството на Алијансата за Албанците
Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание. Таравари изјави дека се исклучени и некои членови на Претседателството кои јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Се работи за 8 од 46 членови. За Мимоза Муса, Таравари рече дека не е донесена одлука оти не е јасно дефинирано дали останува со …
Continue Reading
Ферари на Шумахер продаден за 16 милиони евра
Ферарито со кое Михаел Шумахер ја освои Големата награда на Монако во 2001 година беше продадено за 15,98 милиони евра на аукција во Монте Карло. Легендарниот Германец се тркаше во него и на Големата награда на Унгарија, каде што исто така победи таа година и ја освои четвртата од своите седум светски титули. Автомобилот беше понуден на аукција во „Сотеби“ …
Continue Reading
Македонија зборува со музика, душа и почит – Симон Трпчески со „Македонисимо“ одржа концерт во Рим
Македонскиот пијанист Симон Трпчески со „Македонисимо“ во Рим одржа концерт во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, којашто повеќе од 5 децении се одржува во вечниот Рим, каде што во црквата „Сан Клементе“ бил погребан Свети Кирил, еден од најголемите просветители и духовни столбови на словенскиот свет. На настанот присуствуваше и претседателкта, Гордана Сиљановска-Давкова, како и министерот …
Continue Reading
(Видео) Еспањол со контроверзен пенал избори опстанок
Фудбалерите на Еспањол изборија опстанок во Ла Лига со победата во последното коло над Леганес. Спасот за Еспањол дојде од контроверзен пенал. На Каталонците им беше потребна победа над отпишаниот Лас Палмас за да останат над површината, бидејќи Леганес веќе ја заврши работата со Ваљадолид. Нервозата беше на врвот во таборот на Еспањол. А потоа во 65-та минута, судијата Муниз …
Continue Reading
Борис Џонсон стана татко по деветти пат
Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон (60) добил дете со сопругата Кери (37). Кери на Инстаграм ја сподели веста за раѓањето на нејзината ќерка, која го доби името Попи Елиза Џозефин Џонсон. Девојчето е родено на 21 мај. „Не можам да поверувам колку си убава и минијатурна. Се чувствувам неверојатна среќа. Сите сме тотално заљубени. Не сум сигурна дали …
Continue Reading
Американец со закана изнудил експлицитни снимки на 108 девојчиња, најмалото имало само пет години
Американецот Чејс Малиган се изјасни за виновен дека принудил најмалку 108 девојчиња на возраст од пет до 17 години да прават експлицитни видеа преку Интернет во период од четири години. Малиган, како дел од договорот за признавање на вината со обвинителите, признал дека ги изнудувал таквите видеа од девојчињата заканувајќи се дека ќе ги објави видеата што веќе ги имал, …
Continue Reading
Дожд викендов во целата држава, најмногу во Крива Паланка, Виница и Струмица
Низ цела Македонија, викендов има врнежи од дожд, а во изминатите 24 часа, најмногу дожд 20 литри на метар квадратен се забележани во Крива Паланка, Виница и Струмица. Според информацијата на УХМР, 16 литри на метар квадратен дожд паднале во Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 …
Continue Reading