Викендов прскање против комарци во Скопје

Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Скопје известува дека на ден 31.05. и 01.06.2025 година ( сабота и недела) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во ист термин, велат …

Continue Reading

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик за една изборна единица, но како што рече да се дозволи и дијаспората да гласа. „Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои …

Continue Reading

Севилја: Честитки Мареска! Бетис одговори: Честитки што изборивте опстанок

Севилја град поделен меѓу навивачи на два клуба. Синоќа еден дел од градот тагуваше, другиот славеше. Бетис не успеа да го освои првиот европски трофеј во клупската историја. Зелено-белите загубија од Челси (1:4) во финалето во Конференциската лига. Бетис против Члеси одигра извонредно прво полувреме, по кое стекна гол предност и припупти две големи шанси, на паузата меѓу двете полувремиња …

Continue Reading

Герасимовски се подготвува за втор мандат: Имаме одличен план и програма

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат. „Изминатите три и пол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат“, …

Continue Reading

Мицевски за Договорот со Обединетото Кралство: Овој историски момент за Македонија опозицијата не сака да го препознае

Осврнувајќи се на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница истакна дека парите во вредност од 6 милијарди евра ќе бидат насочени кон инвестиции за развој на инфраструктурата, здравството, образованието и енергетскиот сектор. „За жал овој историски договор, овој историски момент за Македонија и граѓаните очигледно опозицијата не го …

Continue Reading

Поднесено обвинение за убиство за мажот кој ја задуши партнерката во Кавадарци

Обвинителството поднесе обвинение против 43-годишниот маж кој во јануари ја задуши партнерката. Тој е обвинет за убиство. „Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за …

Continue Reading

Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу, прашува СДСМ

СДСМ прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу? „ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи за скандалите кои се објавуваат за нивните колаициски партнери Ганиу и Меџити. Зошто Владата досега не го ангажирала државниот градежен инсекторат да интервенира и да санкционира, ако е виситина дека има преку 150 дивоградби во Општина Чаир. Дали Владата предовдена од ДПМНЕ сака повторно да се …

Continue Reading

Нашле туѓа картичка на улица, потрошиле 15.000 денари – поднесена кривична пријава против две лица

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(30) и А.У. (29), двајцата од Скопје,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според информациите на МВР, на 02.12.2024 во близина на угостителски објект во Скопје, второпријавената  пронашла платежна картичка сопственост на лице од Свети Николе и му ја дала на првопријавениот,  кој во …

Continue Reading

Куче нападнало дете во Карпош

Куче со сопственик нападнало дете на подрачјето на Карпош. Според информациите на МВР, вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, Н.Л.(45) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 20.30 часот на подрачјето на Карпош, неговиот 16-годишен син и неговото куче, биле нападнати од куче со сопственик, кое им нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading