Ескалира кавгата меѓу Трамп и Маск – откажан е телефонскиот разговор
По драматичен ден исполнет со меѓусебни обвинувања, закани и економски потреси, Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп и Илону Маск ќе разговараат телефонски утре. Иако овој повик првично беше најавен како чекор кон смирување на најголемиот јавен спор меѓу поранешните политички сојузници, подоцна Белата куќа официјално потврди дека разговорите нема да се одржат. Тензиите дополнително се вжештија откако …
Continue Reading
Удар од гром усмрти жена на ливада во Германија
Жена (60) од Вилнсдорф во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија почина денес од удар од гром на ливада, соопшти локалната полиција. Како што објави „Билд“, таа била погодена од гром веднаш откако, во придружба на своето куче, зела коњ од пасиште во близина на таа населба. – Нема очевидци, освен нејзините животни. Потоа тие се стрчаа кон другите минувачи – рече …
Continue Reading
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП. Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред …
Continue Reading
Земјотресот на Света Гора почувствуван и во Македонија
Силниот земјотрес на Света Гора почувствуван и во југоисточниот дел на Македонија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 7 јуни 2025 година регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Република Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е …
Continue Reading
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун
Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора. Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри. Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и …
Continue Reading
АХВ го одбележа 7 Јуни – Светски ден на безбедна храна
Aгенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се приклучи и ја поддржува глобалната иницијатива и го одбележа 7 јуни, Светски ден на безбедна храна. Со едукативен и спортско рекреативен настан наменет за граѓаните и децата, денес, во паркот Авионче во скопската населба Ново Лисиче на присутните им беа поделени едукативни флаери за безбедноста на храната, а за најмалите се …
Continue Reading
(Видео) Василевски: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои локалната власт. И По 4 години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените 4 нови градинки, рече денеска на прес-конференција Бојан Василевски, ОО СДСМ Аеродром. „Овиe градинки беа првиот од 7-те топ приоритети на Муцунски и Митески во програмата со кои ја освоија довербата на нашите сограѓани од Аеродром. …
Continue Reading
19-годишна девојка загина во тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово
19-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово. „Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка …
Continue Reading
Нов закон во Русија: до 5.500 евра казна за продажба на енергетски пијалаци на деца
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша нов закон со кој се воведуваат строги казни за продажба на енергетски пијалаци на малолетници. Според информациите објавени на официјалната веб-страница за правни акти, прекршителите може да се соочат со казни до 5.500 евра. Законот ги регулира правилата за малопродажба на безалкохолни енергетски пијалаци и предвидува казни за сите кои ќе ги прекршат одредбите – …
Continue Reading