Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје. Одлуката ја соопшти Христијан Мицкоски, кој рече дека анкетите покажуваат оти води убедливо и како градоначалник на Кисела Вода покажа дека умее и сака да работи за граѓаните. „Орце е докажан работник, а делата говорат за него“, рече Мицкоски. …

Continue Reading

Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот. Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет. Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот …

Continue Reading

Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода. Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т. Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено. Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил. Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Приведени шест возачи минатата вечер за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се шест случаи на управување на возило под дејство на алкохол, односно шестмина возачи кои што се исклучени од сообраќај и против кои што ќе бидат поднесени кривични пријави. Така, вчера вечер околу 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица го лишија од слобода И.И. …

Continue Reading

За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл

Вчера во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата спроведе засилена акција, со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што се преземени вкупно 51 мерка. Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање …

Continue Reading

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска го критикуваше кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, обвинувајќи го за низа спорни постапки и поврзаност со, како што рече, старата матрица на владеење. Петрушевски потсети дека Костовски, како директор на Службен весник, го објавил Законот за двојазичност без потпис на претседателот на државата, што претставува директно кршење на Уставот. Тој …

Continue Reading

Денвер нема намера да се откаже од Валанчунас

Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ. Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат. Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер …

Continue Reading

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се’ помалку за живот. За 20 отсто е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20 проценти помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре. „Македонија е претпоследна …

Continue Reading