Меџити на Конференција за обнова на Украина: Северна Македонија со поддршка на украинскиот територијален интегритет

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествува на Конференцијата за обнова на Украина 2025 (Ukraine Recovery Conference 2025 – URC 2025), која се одржува во Рим, Италија. Станува збор за четвртата по ред голема меѓународна конференција посветена на закрепнувањето и долгорочната обнова на Украина. Настанот е коорганизиран од владите на Италија и на Украина. …

Continue Reading

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата. „Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за …

Continue Reading

МНР го осуди говорот на министерот Георг Георгиев, бугарскиот амбасадор повикан на разговор

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. Во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република …

Continue Reading

Стефан Ристовски потпиша за ФК Сараево

Стефан Ристовски, фудбалерот на Динамо Загреб, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Сараево. Ристовски ги помина претходните четири години во Динамо, од каде што пристигна од лисабонски Спортинг, но на крајот од минатата сезона немаше продолжување на соработката. Овој 33-годишник беше поврзуван со неколку клубови од Европа, а според хрватските медиуми, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Босна и Херцеговина, …

Continue Reading

Во јуни имало 329 пожари, а само за 10 дена во јули – 288 пожари

Во месец јули, заклучно со денешниот ден, се регистрирани вкупно 288 пожари, од кои 26 се шумски пожари, а 262 пожари се на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и на депонии (ѓубришта), соопшти на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. Тој, исто така, кажа дека во јуни се регистрирани вкупно 329 …

Continue Reading

Ангелов со апел до граѓаните: Пријавете на 112 ако видите сомнително однесување поврзано со пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска упати силен апел до граѓаните да пријават какво било сомнително однесување на лица, поврзано со пожарите, откако биле откриени докази за намерно подметнати огнови на повеќе локации во земјава. „Доколку забележите лице со сомнително однесување, веднаш пријавете на бројот 112 или во најблиската полициска станица“, изјави Ангелов на прес-конференција во …

Continue Reading

Бузалковски се враќа со двоен подиум од легендарната патека „Брно“ во Чешка

Минатиот викенд се одржаа петтата и шестата рунда од ФИМ Европскиот шампионат на легендарната патека Брно во Чешка од таму Христијан Бузалковски се врти со двоен подиум на Европскиот Шампионат во класата Суперсток 1000. Моментално Бузалковски е на втората позиција во генералниот пласман со освојување на второ и трето место во главните трки и едно трето место во “Sprint” трката. …

Continue Reading

Министерството ќе сорботува со ФИНКИ за модернизација на јавната администрација

Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешко партнерство насочено кон  модернизација на јавната администрација преку научна и академска поддршка. Овој меморандум претставува основа за зајакнување на соработката помеѓу јавниот сектор и академската заедница, со фокус на размена …

Continue Reading

Повторно падната фасада во Козле – Саракинов бара институционална истрага и системска контрола

Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Христо Саракинов, денеска реагираше на повторниот инцидент со падната фасада во населбата Козле, потенцирајќи ја потребата од системска контрола и одговорност. „Станува збор за сериозен настан кој, за среќа, помина без повредени, но со јасна порака – безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет“, истакна Саракинов, додавајќи дека ова не е прв …

Continue Reading