Продолжува доминацијата на Марк Маркез
Возачот на Дукати, Марк Маркез, денес победи на Големата награда на Германија и го зголеми своето водство во генералниот пласман. Во 200-тата трка во својата кариера, Маркез водеше од првиот до последниот круг и победи со време од 40:42.854 минути. Тој ја постигна својата деветта победа на патеката Заксенринг. Тоа беше неговата 95. победа во кариерата, а 69. во „кралската“ …
Continue Reading
(Видео) Гореше зграда во Анкара, бебе и двајца возрасни загинаа, 26 лица се повредени
Три лица, меѓу кои и тримесечно бебе, го загубија животот во страшен пожар што избувнал синоќа околу 22:00 часот во станбена зграда со 26 ката во квартот Чанкаја, во главниот град на Турција, Анкара. Според информациите на турските власти, огнот избувнал на четвртиот кат од зградата, а пламенот брзо се проширил на повисоките катови. Екипите на противпожарната служба работеле скоро …
Continue Reading
Скопјанец упасен во Албанија, Австрија го бара за издржување 20 години затвор
Во рамки на акцијата „Операција 54“, албанската полиција уапси македонски државјанин кој се барал со меѓународна потерница издадена од австриските власти за сериозни кривични дела, меѓу кои трговија со дрога, закани, изнуда и телесна повреда. Како што информира Дирекцијата на силите за специјални операции во Албанија, приведен е 41-годишниот М.А. од Скопје, кој бил лоциран и уапсен на албанска територија. …
Continue Reading
(Видео) Солзи, гол и болка – Ди Марија се врати дома, момент за паметење
Аргентинецот Анхел ди Марија (37) долго ќе го памети својот прв натпревар за Росарио Централ откако се врати во клубот по долга европска кариера. Росарио и Годој Круз ремизираа (1:1) пред преполниот стадион „Гиганте де Арохито“ пред 48.000 навивачи. Навивачите се собраа во голем број, од кои многумина останаа надвор од стадионот, за човекот чие враќање го чекаа 18 години. …
Continue Reading
СДСМ бара оставка од Тошковски: Криминалците управуваат со улиците, МВР не функционира
По трагичниот случај во Прилеп, од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагираат на, како што велат, целосно излезената од контрола безбедносна состојба во државата и бараат итна оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Ќе ги почекаме официјалните информации за конкретниот случај во Прилеп пред да го коментираме, затоа што не сакаме да злоупотребуваме ништо. Но она што е …
Continue Reading
Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп
Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година во Прилеп, а кој полицијата го води како кривично-правен настан „убиство и самоубиство“. Според официјалните информации од СВР Битола – ОВР Прилеп, сè започнало кога 62-годишниот П.Ѓ. од Прилеп телефонски го поканил својот внук од сестра П.Ч. (43) да дојде …
Continue Reading
Пуштени во употреба првите 20 клилометри од автопатот Кичево-Охрид
Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој момент, според Владата, претставува пресвртна точка и симбол на работата, посветеноста и разликата во пристапот кон големите проекти меѓу актуелната и претходната власт. На свеченоста присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека не се работи само за пуштање на делница, …
Continue Reading
ЦУК: Активни пожари кај Дојран, Гази Баба, Македонски Брод и Пелинце
Ситуацијата со пожарите на отворен простор низ земјата и денеска останува активна. Според податоците на Центарот за управување со кризи до 12:15 часот на 13 јули, регистрирани се вкупно 14 пожари, од кои четири се сè уште активни, додека останатите се ставени под контрола, локализирани или изгаснати. Активни пожари се бележат во четири општини. Пожарот во селото Николич, во општина …
Continue Reading
Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле резултат на несреќа или случајност, туку дел од намерна и координирана акција. Тој рече дека Министерството за внатрешни работи пронашло јасни докази за подметнување, дрва натопени во бензин, ракавици и автомобилски гуми на неколку локации каде што избувнале пожари. „Институциите …
Continue Reading