(Видео) Кошаркар од Филипини доживотно суспендиран поради ужасен удар
Мајк Сорела повеќе нема да биде дел од кошаркарските натпревари, по она што го направи на натпреварот од MPBL на Филипините. Играчот на Ген Сан Вориорс, Мајк Сорела, го удри Јонас Тибајан толку силно за време на натпреварот против Миндоро Тамаравс што му нанесе сериозни телесни повреди. За дивјачкиот потег, Сорела беше казнет со 200 илјади филипински пезоси, што е …
Continue Reading
Од 15 август аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
Министерството за образование и наука информира дека од утре, 15 август, започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година. …
Continue Reading
Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија
Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше дека вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работното место. „Денеска наутро имав средба со вработените во пералната. Тие веќе работат таму, се договоривме и ги информирав дека е во тек процесот со кој пред 10 дена …
Continue Reading
Лени Кравиц (61) позираше без маица и ги покажа стомачните мускули
Лени Кравиц (61) ги воодушеви своите обожаватели со својата најнова објава на „Инстаграм“. Тој позираше без маица и ги покажа стомачните мускули. „Лас Вегас. 43 степени“, стои во описот на објавата кадешто собра еден куп комплименти. „Како е овој човек на 61 година?“, „Не можам да кажам ништо пристојно“, „Би сакал да го запознаам“, „Изгледаш одлично“, „Сите зумираме како да …
Continue Reading
(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти
Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под контрола, по што повторно избувнува. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека попладнево огнот се заканил на објектите на ЈП Јасен но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно биле поставени во …
Continue Reading
Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“
Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка платформа „Независни заедно“. Ивановска најави дека во кампањата ќе се фокусира на решенија, а не на лични напади. Таа истакна дека во Центар ги дели истите проблеми со граѓаните и дека правдата, интегритетот и одговорноста се вредности кои ќе ги …
Continue Reading
Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина, сугерирајќи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје. На состанокот во Кремљ со највисоките воени и цивилни претставници, Путин најави дека ќе ги информира за фазата во која се преговорите за Украина со САД и билатералните …
Continue Reading
Објавени детали од состанокот помеѓу Стармер и Зеленски
Британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ги разгледаа вчерашните средби со европските и американските лидери, објави „Даунинг стрит“. „Тие се согласија дека постои силно единство и цврста решеност да се постигне праведен и траен мир во Украина. Потоа се осврнаа на утрешните средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, кои …
Continue Reading
МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во кое наводно еден од убиените е македонски државјанин. Од министерството информираат дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија. „За потврда на идентитетот на жртвите се очекува завршување на обдукцијата, која сè уште …
Continue Reading