„Би-би-си“: Изјавата на Трамп по состанокот е зачудувачка, но тоа е светот во кој живее

Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со Владимир Путин во Алјаска, изјави дека сака „директно да оди кон мировен договор“, наместо кон прекин на огнот, по што би следеле преговори за крај на војната. Тоа е изјава која, како што пишува „Би-би-си“ во анализа на ситуацијата, звучи зачудувачко, но во исто време го одразува светот во кој живее Трамп. За …

Continue Reading

Зеленски го отфрли планот на Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на Владимир Путин Украина да се повлече од Донецк и Луганск како дел од мировниот план поддржан од Доналд Трамп, објави Ројтерс. Зеленски јасно рече дека таква опција не е можна. По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, Трамп разговараше со Зеленски повеќе од час и половина. Лидерите на НАТО и …

Continue Reading

„Њујорк тајмс“: Трамп го поддржува планот за предвање на Донбас во замена за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, поддржува план за завршување на војната, според кој Украина би отстапила дел од својата територија на Русија, вклучувајќи ги и областите што не се под руска окупација, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на двајца високи европски функционери. Според весникот, по средбата со Владимир Путин, Трамп им рекол на европските лидери дека верува оти мирот може …

Continue Reading

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, …

Continue Reading

(Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера. Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес. Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола …

Continue Reading

Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш …

Continue Reading

(Видео) Дончиќ се повреди – веднаш го напушти теренот

Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот. Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период. За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ. …

Continue Reading

Путин денеска изјави дека преговорите со САД во Алјаска биле „многу искрени и содржајни“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека преговорите со САД во Алјаска биле „многу искрени и содржајни“ и ги приближиле двете страни до донесување на неопходните одлуки. – Разговорот беше многу отворен и по мое мислење нѐ доближува до потребните решенија, рече Путин на состанок во Кремљ посветен на резултатите од преговорите во Анкориџ. Тој додаде дека долго време не …

Continue Reading

(Видео) „Граѓаните“ се прошетаа низ Вулверхемптон

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата. Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки. Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут. Премиер лига, 1. коло: Сабота Брајтон …

Continue Reading