Левица застана зад независниот Зоран Николовски во Битола

Партијата Левица денеска објави дека на престојните локални избори ќе застане зад независниот кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски. „Чест ни е да ја најавиме широката и победничка платформа за Битола со која Левица ќе настапи на престојните локални избори. И официјално ја информираме јавноста дека Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник на Битола …

Continue Reading

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според него, е резултат на одговорни владини политики. „Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша Мицкоски. Тој посочи дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, …

Continue Reading

Се обиделе да вадат бакар со оган, па завршија со лисици на рацете

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против две лица кои предизвикале пожар на градската депонија. Станува збор за 38-годишниот Е.В. од Прилеп, со привремен престој во Струга, и 61-годишниот Ф.Н. од Струга, кои се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 август 2025 година двајцата биле затекнати на депонијата во …

Continue Reading

Големи гужви на Богородица, Табановце и на Меџитлија поради продолжениот викенд

Зголемени гужви се забележуваат на граничните премини во Македонија, каде што возачите се соочуваат со подолго чекање поради продолжениот викенд и летните патувања. Најголем застој има на Богородица, Табановце и Меџитлија, каде колоните од возила растат од час во час. На граничниот премин Богородица чекањето за излез од државата е околу половина час, додека на Табановце задржувањата за влез и …

Continue Reading

Борова шума гори во Берово, депонии во Прилеп и во Долнени во пламен, чади и во Вардариште

Македонија денеска се соочува со сериозна слика на теренот – до 12 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Најсериозната состојба е во Берово, каде над туристичката населба Абланица огнот зафатил висококвалитетна борова шума. …

Continue Reading

Недовиќ официјално во Монако

Немања Недовиќ е новиот кошаркар на Монако. Неодамнешниот играч на Црвена звезда потпиша договор со клубот од малото кенжевство, кој минатата сезона играше во финалето и загуби од Фенербахче. Недовиќ имаше договор со Црвена звезда на крајот од минатата сезона за продолжување на соработката, меѓутоа, клубот се премисли и ја прекинаа соработката. Поради оваа причина, Недовиќ потпиша за Монако и …

Continue Reading

Трка во чест на херојот од Кочани кој 11 пати возеше до Скопје за да спаси животи и го загуби својот

Делчево е домаќин на првото издание на „Голак Треил“, спортски настан кој комбинира планинско трчање и брзо одење низ живописните предели на планината Голак. Настанот има хуманитарен карактер и е посветен на прерано починатиот Иле Гоцевски, возачот на Брза помош во Кочани, кој остана запаметен по својата пожртвуваност и хуманост. Иле Гоцевски, во текот на трагичната ноќ кога животите беа …

Continue Reading

Двајца приведени, еден во бегство по упад во маркет во Чаир

Двајца млади разбојници утринава завршија во полициски раце откако се обиделе насилно да ограбат маркет на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир. „Околу 04:50 часот беше пријавено дека три лица насилно влегуваат во маркетот. Веднаш реагираа екипи од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Бит Пазар“, соопшти МВР. Кога ги забележале полицајците, напаѓачите се дале во бегство, по …

Continue Reading

Зиден е пред портите на Фенербахче

Фудбалскиот клуб Фенербахче и легендарниот Зинедин Зидан преговараат за соработка откако Жозе Мурињо ја напушти клупата на турскиот гигант по отказот што му беше врачен. Некои турски медиуми пишуваат дека Зидан и челниците на Фенербахче веќе постигнале договор францускиот ас да го преземе тимот, кој, да потсетиме, не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите под водство на Мурињо. …

Continue Reading