„Подадена рака“: Димитриевски добива поддршка од „Вреди“ за вториот круг од локалните избори во Куманово
Подадена рака. Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски, објави на социјалните мрежи лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. „Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност …
Continue Reading
Сијарто: Судот што ги штити саботерите на „Северен тек“ не може да го уапси Путин
Унгарија нема да постапува по наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во случај на евентуално апсење на рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Будимпешта, објави министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, пренесува Ројтерс. Изјавата на шефот на унгарската дипломатија дојде откако полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, изјави дека Варшава „не може да ја гарантира …
Continue Reading
(Видео) Пропадна средбата Трамп-Путин: Русите веднаш брутално нападнаа, погодена градинка
Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, се убиени во серија руски напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија официјални лица. Нападите погодија градинка во Харков, вториот по големина град во Украина, и предизвикаа голема штета во Киев, јавува Би-би-си. Меѓу 27-те повредени имало деца. Брачен пар на возраст од околу 60 години загина во Киев кога …
Continue Reading
Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник
Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. „Дебата во вторник на Канал 5, па да си дочекаме уште повеќе дебати. Јас и мојот противкандидат во овој круг означуваме потенцијална промена на политичките генерации во Македонија, релативно млад дуел за Скопје. Затоа, следниот вторник …
Continue Reading
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ОХРИДСКИ ФОЛКЛОРИСТИ“
Денеска во спомен куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23- Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. -Во очи големиот …
Continue Reading
Џеј Ди Венс: Не сакаме сателитска држава, а Израел не е тоа
По средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Ерусалим, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху цврсто ја отфрли идејата дека Израел е сателитска држава на Соединетите Американски Држави, нарекувајќи ги таквите тврдења „глупости“, пишува „Тајмс оф Израел“. „Сакам да го разјаснам тоа“, рече Нетанјаху како одговор на новинарско прашање. „Една недела велат дека Израел ги контролира Соединетите Американски Држави. Една недела …
Continue Reading
УЈП: Направена е техничка надградба на електронските системи за полесно и поедноставно користење
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека е направена техничка надградба на нивните електронски системи со цел користењето на истите да биде уште полесно и поедноставно. „Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што пристапот станува поедноставен и побрз. Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен …
Continue Reading
Големо враќање на легендарната руска шпионка, за која целиот свет пишуваше во 2010 година: Путин ѝ довери нова мисија!
Поранешната руска шпионка Ана Чепмен, некогаш најпознатата тајна агентка во светот, повторно влезе во светот на шпионажата, овој пат со сосема нова задача од Москва. Според руските медиуми, 43-годишната Чепмен, сега под името Ана Романова, е назначена за директорка на новоотворениот Музеј на руската разузнавачка служба, проект директно поврзан со елитната тајна служба на Владимир Путин, СВР (наследникот на поранешната …
Continue Reading
Гевгелија со големи успеси на 54. државен натпревар за непрофесионален филм: Домот на култура „Македонија“ со „Лазаренки“ освои „Гран при“, а СОУ „Јосиф Јосифовски“ забележа повеќе високи награди
Филмската реконструкција „Лазаренки- реликвија на етничкиот предел Бојмија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и под покровителство на Општина Гевгелија, освои „Гран при“- главната награда на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија (ДФНФ 2025), кој се одржа од 17 до 18 октомври во кино-салата во Виница. Авторската екипа се закити и со специјална награда за камера, …
Continue Reading